Геј животни

Геј животни Истражувањата на многу биолози и зоолози потврдуваат дека кај птиците и животните постои тенденција за хомосексуално однесување. За жал, нема многу студии за причините на оваа појава. Во текстов се наброени некои видови птици и животни за кои со сигурност се тврди дека се геј, иако кај некои од овие видови се среќава и хетерогено однесување, посебно кај одредени единки од видот, но и едното и другото однесување кај иста една единка. Зачудува фактот дека хомосексуалноста е утврдена дури кај 500 животински видови.

Guianan Cock – Мажјаците на оваа преубава птица се “хомосексуалци”. Речиси 40% од нив се геј, но се парат и со женските птици. Само еден мал процент од оваа врста никогаш не се парел со женка.

Сиви китови – Хомосексуалната интеракција кај овие цицачи е многу честа. Овие животни дури прават и оргии од по пет мажјака.
Моржови – Машките моржови постигнуваат сексуална зрелост на 4 годишна возраст. До тогаш се исклучиво вклучени во истополни врски. Возрасните мажјаци се бисексуални. Некои од нив дури спијат заедно во водата со својот партнер.

Лебеди – Речиси четвртина од сите парови се хомосексуални парови. Од време на време некои од нив ги користат “услугите” на лебедиците, но пак се враќаат кај својот партнер со кој живеат со години. Некои парови ги усвојуваат јајцата кои ги снела лебедицата и потомството го одгледуваат како вистински родители. Се случува геј пар да нападне хетеросексуален пар, да го избрка од гнездото и да ги посвои јајцата и изведените лебедчиња.

Антилопи – Овде се јавува лезбејство. Женските антилопи се дружат меѓу себе. Такви активности имаат 9 одсто од популацијата.

Жирафи – Машките жирафи се дружат. Според една студија еден од 20 мажјаци практикува ваква игра. Според истражувањата ова е повеќе игра отколку вистинско геј однесување, иако вакви активности се доста чести кај оваа животинска врста.

Шишести делфини – Машките делфини се главно бисексуални, но сите поминуваат низ период кога имаат исклучиво геј однесување.

Бизон – Повеќе од 55 посто од младите бизони имаат геј врски!

Бонобо мајмун – Речиси сите од овие мирољубиви мајмуни се бисексуални, и машките и женските. Истополна активност е поизразена кај женската популација

Оваа статија е преземена од списанието за наука и техника ЕМИТЕР

- Реклама -