Раѓање на нова планета

планетаАстрономи ја направиле првата фотографија од раѓањето на планета. Адам Краус, од Институтот за Астрономија на Универзитетот од Хаваи, рекол дека планетата се формира од прав и гас кој орбитира околу ѕвезда стара 2 милиони години и се наоѓа на околу 450 светлосни години од Земјата. Планетата, според сегашното научно разбирање за формација на планети, најверојатно започнала да се формира пред околу 50.000 до 100.000 години.

Планетата, наречена LkCa 15 b, е најмладата досега забележана планета. Претходниот носител на таа титула бил околу пет пати постар. Краус и неговите колеги, Мајкл Ајерланд од Макари Универзитетот и Австралиската Астрономска Обзерваторија ги употребил Keck телескопите на Мауна Кеа за да ја најди планетата. „Го забележавме овој предмет во совршено време. Ја гледаме оваа млада ѕвезда која има диск околу неа од кој најверојатно се создаваат планети и забележавме нешто во средината на празнина во дискот“ изјавил Краус во телефонско интервју.

Набљудувањето на планети за време на нивното формирање може да им помогне на научниците да одговорат прашања како тоа дали планетите се формираат рано во животот на ѕвезда или подоцна, и дали се формираат релативно блиску или подалеку од ѕвездата. Планетите можат да ја променат орбитата по формирањето, што значи дека е тешко да се одговорат таквите прашања преку проучувањето на постари планети. „Овие многу основни прашања за тоа каде и кога најдобро се одговораат кога планетата се формира, додека процесот трае“ вели Краус.

Други планети би можеле да се формираат околу истата ѕвезда. Краус додал дека ќе продолжи да ја набљудува ѕвездата и се надева дека ќе види уште планети ако тие постојат. Научниците до сега немале шанса да видат толку млада планета бидејќи светлината од ѕвездата околку која ротираат е далеку посјајна од нив. Краус и Ајерланд користеле две техники за да ја надминат оваа пречка. Едниот метод, кој го користат и други астрономи, бил промена на обликот на огледалото за да ги отстранат дисторзиите предизвикани од земјината атмосфера.

Уникатен метод кој го употребиле бил користењето на маски врз поголемиот дел од огледалата во телескопот. Комбинацијата на овие две техники им овозможило на астрономите да направат слики со голема резолуција кои им дозволиле да ја видат слабата светлина која се одбива од планетата. Астрономите ја откриле планетата додека набљудувале 150 млади ѕвезди со прав околу нив. По ова тие направиле поконцентрирана студија на десетина ѕвезди. Ѕвездата LkCa 15 – планетата е именувана по нејзината ѕвезда – била втората на која се фокусирале. Тие веднаш забележале дека гледаат нешто ново, па прибрале повеќе податоци за ѕвездата една година подоцна. [Hawaii astronomer captures image of forming planet]

- Реклама -