Одлично сочуван скелет на диносаурус

диносаурусНајдобро зачуваниот скелет на диносаурус предатор бил откриен во Германија, 98 проценти од неговиот скелет се неоштетени. Откритието на диносаурусот, кој пелеонтолозите од Баварија го нарекле Ото, е третирано како сензација и германската влада веќе одлучила дека истиот не смее да ја напушти земјата. Тероподот е од истата фамилија како и Ти-Рексот но диносаурусот откриен во Келхеим се уште не е категоризиран.

Ото е долг 71 сантиметар и е млад диносаурус. Влакна и делови од кожа исто така биле откриени крај скелетот. Суштеството живеело пред 135 милиони години и ќе биде изложено за првпат на 27 октомври за време на четиридневна изложба на диносауруси во Минхен. „Ова е навистина неверојатно откритие“ изјавил Оливер Раухут, кураторот на Баварската Национална Колекција за Палеонтологија и Геологија каде што било објавено откритието.

„Овој диносаурус е најдобриот од овој вид најден во Европа.“ Кај повеќето примероци на диносауруси предатори се зачувани најмногу 80 проценти од нивниот скелет. Но Раухут вели дека е „значајно“ откритието на 98 проценти од суштеството по толку долго време и покрај сите промени низ кои поминала земјата. Тој додал: „Исто така, наоѓањето на толку млад примерок е неверојатно ретко. Ова е неверојатен примерок.“ Експертите веруваат дека суштеството било старо само една година кога умрело во Јура периодот.

Влакната од Ти-Рекс се особено интересни бидејќи тие ќе бидат подложени на интензивни тестови за да биде откриена врската помеѓу диносаурусите и модерните птици. Скелетот бил откриен пред две години во речно корито но дури сега е претставен на јавноста. Локацијата на која бил најден сè уште е тајна поради страв од „ловци на диносауруси“ кои би можеле да ја окупираат во иднина.

Германската влада била убедена да го прогласи Ото за „Германска Културна Сопственост“ што значи дека скелетот не може да биде продаден во странство каде што на отворен пазар би можел да чини милиони долари. Вниманието сега се поместува кон идентификување на видот на Ото. По четири дена поминати во Минхен, коските најверојатно од следната година ќе биде трајно изложен во некој од германските музеи. [Theropod dinosaur skeleton found intact in Germany]

- Реклама -