Неандерталците готвеле зеленчук

неандерталциСпоред истражување извршено во САД, неандерталецот, праисторискиот братучед на модерниот човек, се хранел и со житарици и зеленчук покрај месото. Неандерталците ја готвеле храната исто како и homo sapiens.

Новото истражување ја оспорува сегашната теорија дека нендерталците изумреле пред околу 30000 години поради нивната преголема зависност на месо. Истражувачите откриле зрнести плодови од голем број растенија, меѓу кои бил и тип на дива трева, како и остатоци од корења во наслагите на фосилизирани заби од неандерталци најдени во северна Европа и Ирак. Многу од овие растителни остатоци биле „подложени на физички промени кои одговараат на експериментално готвење, што наведува дека неандерталците имале контрола врз огнот исто како и раниот модерен човек.“

Камените артефакти не сведочат за користењето на алати за толчење на растенија, што наведува дека тие не биле земјоделци, но ова ново истражување посочува кон користњето на зготвени растенија во исхраната. Неандерталците живееле во делови на Европа, Централна Азија и Блискиот Исток околу 170.000 години, но сите нивни траги исчезнуваат пред околу 28.000 години, нивното последно прибежиште бил Гибралтар. Постои дебата околу тоа која е причината за нивното изумирање, со оглед на тоа што тие живееле во истиот период со раниот модерен човек. [Neanderthals cooked their vegetables just like humans]

- Реклама -