AlarMe ќе Ве разбуди порано ако надвор врне

AlarMe е будилник које е поврзан со временските услови и ќе Ви помогне никогаш да не задоцните поради тоа што надвор врнело или имало бура.

Ќе Ве разбуди порано и со тоа ќе ја избегнете сообраќајната гужва или ќе имате доволно време да го исчистите снегот од Вашиот автомобил.

AlarMe Ви дозволува да наместите и до шест различни профили за секој од Вашите аларми. На пример ако секое утро се будите во 7, но сакате да се разбудите 15 минути порано кога е врнежливо и знаете дека ќе има гужва или пак половина час порано кога врне снег за да ја исчистите колата и да имате време да се пробиете, може да го наместите AlarMe да ве разбуди во соодветното време порано, во зависност од временската прогноза.

Достапна е и бесплатна верзија од апликацијата која има само два профили, па доколку ги сакате сите шест, ќе мора да го купите надоградувањето.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -