Попрецизно пресметување на големината на цунамито

Повеќе...Научниците обично користат пресметки од локацијата на земјотресот, длабочината и магнитудата, за да предвидат колку големо би било цунамито, но тимот на НАСА најде нов метод кој може да го смени начинот на кој убиствените бранови се предвидуваат.

Научниците обично користат пресметки од локацијата на земјотресот, длабочината и магнитудата, за да предвидат колку големо би било цунамито, но тимот на НАСА најде нов метод кој може да го смени начинот на кој убиствените бранови се предвидуваат.

TsunamiChart_300_0610-md Истражувачкиот тим на НАСА е чекор поблизу до точно предвидување на големината на цунамито. Цунамито се создава кога земјотресот или подводно лизгање на земјиштето поместува голема количина на вода, но само кога таа вода го допира брегот се создаваат големи бранови. За земјотресот на брегот на Чиле, на 27 февруари, научниците предвидоа дека брановите ќе достигнат висина од 3.6 метри – но брановите создадени од земјотресот беа само  околу 30 цм.

„Поради големината на земјотресот, предупредувањето низ Пацификот беше издадено веднаш, уште пред стандардните модели да ја предвидат големината на цунамито, кои користат комбинирани читања од длабокиот океан и мерачите за нивото кои се на брегот“, вели Брајан Шајро, геолог во PTWC (Pacific Tsunami Warning Center). „Првиот модел предвиде 3.6 метри, но вториот, кога повеќе податоци беа достапни, беше точно на 30 цм.“

Прототипот на системот за детекција, кое е дело научниците во НАСА, поточно и побрзо ја пресметува големината на цунамито, без читање податоци од дното на морето. Тие само користат податоци од GPS мрежата, која мери движење на земјата точно до неколку центиметри, на стотици региони секоја секунда. Методот им овозможува на научниците да ја пресметаат количината на енергијата која подводен земјотрес ја пренесува на океанот за да создаде цунами.

Кога овој метод го употребиле за земјотресот во Чиле, нивните пресметки се совпаднале со вистинските пресметки, односно знаеле дека цунамито предизвикано од земјотресот нема да направи никакви последици на Пацификот. „Успешниот тест демонстрира дека GPS системите ефикасно можат да бидат користени за предвидувања на големината на цунамито“, вели лидерот на тимот Тони Сонг. „Ова може да им помогне на центрите да  издаваат подобри предупредувања кои можат да спасат животи, а истотака и да ги намалат лажните аларми кои безпотребно ги вознемируваат жителите на брегот“

Јоаз Бар – Север, менаџерот на GPS системите, вели дека научниците имале среќа што имале станица близу до епицентарот, кое им помогнало да ги добијат посакуваните резултати побрзо. „Интернационалната соработка е многу важна за GPS мрежата“, вели тој. „Така ќе се покријат сите критични зони на кои може да има големи земјотреси ширум светот“

 

- Реклама -