Билети за Марс во еден правец

МарсМоментално, единствената пречка за понатамошно освојување на вселената се парите. За секој килограм кој сакате да го подигнете од планетава, потребни се околу 5 милиони долари за подготовки. Можеби затоа, најавениот план за воспоставување на првата база со екипаж на Марс до 2040 ќе биде пролонгиран… освен ако не се најдат доволно луди доброволци кои ќе прифатат пат во една насока…

Моментално, единствената пречка за понатамошно освојување на вселената се парите. За секој килограм кој сакате да го подигнете од планетава, потребни се околу 5 милиони долари за подготовки. Можеби затоа, најавениот план за воспоставување на првата база со екипаж на Марс до 2040 ќе биде пролонгиран… освен ако не се најдат доволно луди доброволци кои ќе прифатат пат во една насока…

МарсНАСА веќе ја започна долгорочната мисија за колонизирање на Месечината и Марс. Првиот чекор ќе биде воспоставување перманентна база на нашиот единствен сателит, за оттаму да тргне експедицијата за покорување на црвената планета. Причина за ова се, што ако не финансиите. За секој еден килограм материја која сакате да ја подигнете од планетава во нејзината орбита, потребни се околу 5 милиони долари. (Пробната ракета Арес што беше лансирана пред некој ден и која леташе нецели 2 часа, чинеше 40 милиони долари.) Воспоставувањето трајна база на Месечината значително ќе ги намали трошоците за евентуалниот поход кон Марс.

Но, иако најавеното патување на првиот екипаж кон Марс е оддалечено преку 30 години, пресметките покажаа дека веќе се појавиле проблеми. Имено, ресурсите кои ќе треба да бидат однесени дотаму за екипажот да може да се врати, го прават патувањето екстремно скапо и (поради големиот товар што ќе треба да се понесе) крајно небезбедно. Астронаутите ќе треба со себе да имаат заштитна опрема, вода, храна и доволно материјал за да направат засолниште на крајно негостопримливата планета, а и доволно гориво за да можат да се вратат назад.

Патот од овде до Марс, кога орбитите на двете планети се најблиску, со денешната најнапредна технологија трае 6 месеци. Но, орбитите на двете планети се наоѓаат во таа најблиска положба само еднаш на секои 2 години. Тоа би значело дека откако ќе пристигнат таму, астронаутите ќе мора да преживеат преку една земска година, пред да започнат со подготовките за патот назад. Ова дополнително ги компликува нештата и бара уште и уште намирници и го прави проектот поневозможен.

Постоеле размислувања за пролонгирање, па дури и за откажување на патот за Марс, но тогаш се јавила идејата за пат во еден правец. Ваквиот пат нема да има толку опасности и нема да чини толку многу. Дополнително, НАСА ќе ги продаде ТВ правата од мисијата и ќе поврати најголем дел од средствата. Астронаутите ќе понесат со себе доволно технологија за да имаат шанса да преживеат со вадење ресурси од црвената планета. Секако, постојат огромни шанси нивните животи да згаснат таму (ќе мораат да преживеат на своја рака до некоја следна мисија на Марс), но, како што се вели во обраќањето на теоретскиот космолог Пол Дејвис пред научниот панел на НАСА, постојат луѓе со истражувачки дух кои се во постојана потрага по предизвици. Првите истражувачи на Антарктик заминале знаејќи дека има шанса да не се вратат оттаму.

Патниците до Марс во еден правец ќе завршат огромна работа во поглед на истражувањето на планетата која за релативно кусо време ќе можеме да ја сметаме за наша резервна планета. Тие луѓе ќе сторат некои нешта што никој друг нема да може да ги стори. Цената за билетот дотаму најверојатно ќе биде нивниот живот. Доброволци несомнено ќе има!

- Реклама -