23andme:Што може да ви открие тестирањето на вашите гени?

Повеќе...

Американскиот магазин Тајм неодамна ја објави листата на 50 откритија кои ја одбележаа 2008 година. Во остра конкуренција на изумите во кои се најдоа и хадронскиот акцелератор, електричните автомобили, најбрзиот компјутер, бионичката рака и камерата за слепи, брзиот и евтин генетски тест е прогласен за најдобар изум на годината која измина.

Американскиот магазин Тајм неодамна ја објави листата на 50 откритија кои ја одбележаа 2008 година. Во остра конкуренција на изумите во кои се најдоа и хадронскиот акцелератор, електричните автомобили, најбрзиот компјутер, бионичката рака и камерата за слепи, брзиот и евтин генетски тест е прогласен за најдобар изум на годината која измина. 
До сега само елитните истражувачи ја имале таа можност да добијат увид над својата генетска карта, бидејќи пристапот до генетските истражувања не му бил дозволен на секого. Овој едноставен и евтин генетски тест кој брзо и лесно може да открие предиспозиции за преку 90 видови особини и заболувања од ќелавост до слепило, означува револуција во генетиката. 
Доволно е лицето кое сака да се тестира да нарача анализа по пат на интернет, а по пошта да испрати примерок од својата плунка во Службата за генетски тестирања „23 and me“ во Калифорнија, и да добие одговори на повеќе прашања. Тестот дава дури и одговор на тоа дали лицето на оној што малку ќе се напие алкохол ќе се зарумени или веројатноста дека роденото бебе ќе биде 57 грама полесно од просечното.
Еве како на тестот поминала девојката од сликата:
devojkata.jpg
– Натпросечна шанса да ја доживее 100тата
– Краткорочната меморија е просечна
– Ако е доена нејзиниот IQ е поголем од просечниот
– Просечен невербален IQ 
– Натпросечен ризик од глауком
– 4 % шанси да добие старачки жолти дамки
– Има церумен во ушите
– Може да го осети горкиот вкус на брокулите и зелката
– Не сака слатки
– 0,2% шанси за дијабетес тип 1, а 18% за дијабетес тип 2
– Просечни шанси да заболи од рак на грлото 
– Шансите за заболување од рак на желудникот се помали од 1%
– Шансите да заболи од меланом – најопасниот рак на кожата се помали од 1,4%
– Ако е пушач, најверојатно пуши помалку од другите вообичаени пушачи
– Има повеќе шанси да доживее несмртоносен инфаркт поради бавниот метаболизам на кофеинот
– Бидејќи бавно го метаболира кофеинот, осетлива е на неговото стимулативно дејство
– Не е отпорна на маларија
– Ризикот од стеснување на крвните садови поради болест на периферните артерии е помал од просечниот
– Има 12% шанси да заболи од рак на дојка, а умереното конзумирање на зелен или црн чај и’ ја намалува веројатноста дека ќе заболи од оваа болест
– 6% шанси за рак на белите дробови
– Веројатно добро ја поднесува лактозата  
– Нема зголемен ризик од алкохолизам
– Лицето не и се зацрвенува кога малку ќе се поднапие
– Доколку е зависна од алкохол има типични изгледи да пати од алкохолен апстиненцијален синдром
– Не е отпорна на ХИВ/сида
– Доколку заболи од ХИВ би имала типична концентрација на вирусот во крвта
– Просечни шанси за срцева аритмија заради атријалните фибрилации
– Шансите за камен во жолчката се 10%-20%
– Шансите дека во некој период од животот ќе заболи од рак на дебелото црево се 10%
– Просечни се шансите дека плацентата ќе се одвои од ѕидот на матката за време на бременоста
– Доколку не се занимава со физичка активност има просечни шанси да страда од висок притисок
– Мали се изгледите дека ќе стане атлетичарка
– Ако зема антипсихотик има 1%-36% шанси да добие несакани тикови
– Имала 0,001% шанси во детството да заболи од реткиот и често смртоносниот облик на рак – неуробластом
– Просечен број пеѓи или младежи 
– Малку повеќе шанси да заболи од гихт
– Околу 2% шанси да заболи од Паркинсонова болест
– 85% шанси да има темни очи, 14% да има зелени очи
– 13% шанси дека кожата ќе и стане сува и испукана заради псоријаза
– Просечни шанси да има ремисија од депресија доколку би земала „celex“ или „paxil“ 
– Дoколку зема одредени антидепресиви шансите да страда од сексуална дисфункција се помеѓу 20% и 70%
– До 25% шанси да дибие фиброиди на матката
– Нејзиното бебе најверојатно ќе биде 57 грама полесно од просечното
– 24% шанси за венска тромбоемболија
– Просечни шанси да станe зависник од хероин
– Зголемени шанси да заболи од мултиплекс склероза
– 58,4% шанси дека на 59 години ќе биде дебела 
– Добро учи како да избегнува грешки
– Нејзините синови имаат просечни шанси да патат од ќелавост
– Не е познато кои се шансите дека резултатите од овој тест ќе ја уплашат.
A вие, кога ќе се престрашите, можете да си го нарачате тестот тука.

- Реклама -