Младите сили на Форца Волеј на турнир во Полска

Мешаниот состав на Академијата на Форца Волеј, составен од кадетки и пионерки од генрацијата 1995 и помлади, од 30 мај до 2 јуни оваа година ќе учествуваат на интернационалниот одбојкарски турнир во Јасло, Полска. 

Избраничките од Академијата на Форца Волеј, предводени од тренерите Славков и Терзиевска, против своите противници од:Косово – Национален тим, Романија – ЦНМЕ Сату Маре , АДЕП Сату Маре, Украина – КС „СПАРТА” Самбор, Словачка – ВК ЕЛБА Прешов , ЗШ Млинска Стропков, Унгарија – EÖTVÖS ДСЕ Дебречен, Чешка – ПВК „ОЛИМП” Прага, Полска – КРС ЕКСТРИМ Горлице , УКС „МОСИР” Јасло I , УКС „МОСИР” Јасло I I.

ќе собираат интернационално искуство со цел да се добие реална слика за односот на силите и нивото на квалитет каде се наоѓа подмладокот на македонската женска одбојка.

Forca-003

„Нашата цел е да стекнеме меѓународно натпреварувачко искуство, да оствариме непосредни контакти со повеќе школи разменувајќи ги различните методологии и техники на работа со подмладокот и да го измериме досега постигнатото ниво на најквалитетните избранички на Академијата. Ќе се обидеме да оствариме добар резултат, но пред се е важно да видиме до каде сме и во кој правец треба да продолжиме во иднина”, изјавија тренерите за Фaн страната на Академијата https://www.facebook.com/ForzaVolleyAcademy

Во 8 години од своето постоење , сениорите на Форца Волеј 6 години по ред се шампион на Македонија. Младинските категории, пак ,трофејот го освојуваат вкупно 5 години од кои 3 пати по ред во последните години . Од вкупно три категории(младинки , пионери и кадети) првотимките на Форца Волеј кои играат во категориите на кадети и пионери, се шампиони во последните 2 години последователно.

Голем дел од првотимките на Форца Волеј потекнуваат токму од Академијата , каде континуирано се инвестира голем труд, знаење и работа а тоа секако се отсликува и на резултатите.

Екипата на Форца Волеј во Јасло , Полска ќе патува во следниот состав:
Тренери :Г.Славков и Е.Терзиевска

Одбојкарки:Б.Мирчевска,Т.Чуприна,И.Пејовска,М.Илиевска,М.Ризаова,Д.Митева,Д.Јанкович,А.Алексовска,А.Јачева,Л.Ковачевич,В.Младеноввска , Т.Терзиевска

 

- Реклама -