Ситроен Таранис Концепт

ТаранисCitroën Taranis концептот е футуристичко тркачко возило со две седишта наменето за рели трки. Возилото има тркала поставени на долги нозе со по два зглобови и има погон од четири електрични мотори поставени во тркалата. Концептот е дизајн на Питер Норис кој сакал да создаде неконвенционално возило за Дакар релито.

ТаранисТаранисТој објаснува „почнувајќи од иницијалното соопштение дизајнот еволуираше во нешто малку поразлично“. Taranis има погон од четири електрични мотори поставени во бандажите, што придонесува за нискиот центар на гравитација. Со големите двозглобни нозе, Taranis има огромно меѓуоскино растојание и ширина, што резултира со застрашувачко присуство и амортизација која може да се справи со големи нерамнини.
 ТаранисТаранис„Двозглобните предни нозе исто така помагаат и за намалување на кругот на вртење кој инаку би бил огромен. Луксузниот финиш комбиниран со уникатниот дизајн го прави овој теренец различен од сите останати концепти, а вратите кои се отвараат вертикално само додаваат дополнителен елемент на стил.“ Пит исто така создал и студио позадина во која го рендерирал својот дизајн за да му даде пореалистично чувство. Името Taranis е позајмено од келтскиот бог на громот или бог-тркало, кој често е претставуван со молња во едната рака и тркало во другата. [Citroën Taranis Concept]
ТаранисТаранис

- Реклама -