Летна школа за програмери и дизајнери на Едукативниот центар на Seavus

Под називот SEDC Summer Kingdom, Едукативниот и развоен центар на Seavus организира 4 неделна летна школа за дизајн и кодирање.

Од 12 јуни па сѐ до 7 јули сите млади артисти, гејмери, дизајнери, програмери, студенти и креативци ќе имаат можност да бидат дел од летната школа која ќе опфати работилници, предавања, натпревари и забава.

Sedc-Summer-Kingdom

Учесниците на SEDC Summer Kingdom покрај можноста да ги усовршат своите знаења, ќе добијат и шанса да работат со врвни професионалци од индустријата и да создадат игри, апликации и решенија кои во иднина можат да им донесат големи придобивки.

Во рамки на школата ќе биде организиран и Gameathon – маратонот за создавање игри кој го носи слоганот: Твојата омилена игра може да изгледа онака како што ти ќе ја замислиш. Учесниците, покрај работилниците и предавањата, ќе имаат можност да го збогат своето знаење преку директни менторски средби со експертите од Seavus и FX3X.

Најавени се и работилници за Microsoft, Java, Embedded, Adobe, кариерно советување и останати предавања кои освен едукативен ќе имаат и забавен карактер.

581809_512808062108264_594811281_n

Како што најавува организаторот на двата настани, Seavus едукативниот и развон центар целта на маратонот во создавање на игри и на летното кралство е што поголема доближување на младите таленти и кадри од Македонија со светските трендови.

SEDC Summer Kingdom ќе понуди комбинирана, теоретска и практична настава од основи на програмирање и дизајнирање алгоритми, збогатена со работа на реални проекти, натпревари и секако атрактивни награди за сите учесници. Заинтересираните за учество на настанот повеќе информации можат да најдат на: www.facebook.com/SEDCfanpage

- Реклама -