Чадор за модерните витези

Витешки чадорНе сакате да накиснете кога врне, ама носењето чадор не ви е доволно мажествено? Епа има решение за вас. Чадор кој изгледа како меч може да му помогне на секого да се чувствува и да изгледа како Сер Ланселот со мечот прицврстен на неговата половина или на грбот.

Не сакате да накиснете кога врне, ама носењето чадор не ви е доволно мажествено? Епа има решение за вас. Чадор кој изгледа како меч може да му помогне на секого да се чувствува и да изгледа како Сер Ланселот со мечот прицврстен на неговата половина или на грбот.

чадор меч

Овој чадор со рачка во облик на рачка од меч е вистински функционален чадор, и единствената разлика од секојдневните здодевни чадори е рачката. На прв поглед, секој може да биде збунет, и на повеќето луѓе ќе им треба време за да сфатат дека не сте вооружени. Најдоброто од сè е што овој чадор можете да го носите прицврстен на вашиот грб, или на ременот, како вистински меч. Чадорот е многу лесен, има должина од 93 сентиметри и (кога е отворен) дијаметар од 105 сентиметри.

чадор меч

Овој чадор е уникатен бидејќи внесува нешто ново во дизајн кој не е сменет многу долго време. Стил, иновација и заштита од дождот, овој чадор има сè што му е потребно за да биде третиран како моден додаток. Чадорот се отвара со притискање на само едно копче, а прекривката од најлон спречува негово оштетување кога не го користите. А ако ви е потребно поголема мотивација за купување на овој меч, тогаш слободно можете да се замислувате себе си како одметник кој се бори за правда за обесправените по улиците на вашиот град.

чадор меч

Значи, ако отсекогаш сте сакале да се чувствувате како Сер Ланселот, Арагорн, или пак безимен витез, тогаш овој чадор е за вас. Но, ако некогаш сте се обиделе да се мечувате со обични чадори, тогаш највероајтно знаете дека истите не се баш дизајнирани за тоа, и се лесно кршливи. [Knight’s Sword Handle Umbrella has it All]

- Реклама -