Машина за рециклирање канцелариски документи

моливиНекои луѓе сè уште користат моливи и хартија за комуникација. Ова значи дека некои луѓе често се наоѓаат во ситуација да имаат премногу хартија за фрлање и недоволно моливи. Ова брилијантно решение ги решава двата проблеми користејќи ја искористената хартија за создавање нови моливи.

Некои луѓе сè уште користат моливи и хартија за комуникација. Ова значи дека некои луѓе често се наоѓаат во ситуација да имаат премногу хартија за фрлање и недоволно моливи. Ова брилијантно решение ги решава двата проблеми користејќи ја искористената хартија за создавање нови моливи.

рециклирање

Машината се вика P&P Office Waste Paper Processor, и е дизајнирана за создавање евтин прибор за пишување од канцеларискиот отпад. Таа користи релативно едноставна процедура за рециклирање на вашата стара хартија во моливи. Вие вметнувате графитни мини и лепило во машината, подоцна кога ќе ви треба нов молив само додавате еден лист хартија кој ќе биде цврсто завиткан околу мината. Лепакот ќе гарантира дека сето тоа ќе остане завиткано, и за неколку секунди вие ќе добиете нов молив.

рециклирање

Отворот од кој излегуваат новите моливи функционира и како острилка за моливи. Изгледот на моливите создадени со оваа машина е уникатен, и зависи од хартијата која сте ја искористиле.

рециклирање

Оваа направа е идеална за училници и канцеларии во кои се користат големи количини хартија и моливи, бидејќи решава два проблеми истовремено. P&P во моментов е сè уште само концепт, но со оглед на тоа што веќе се продаваат моливи од рециклирана хартија, прашање е на време колку брзо оваа идеја ќе стане реалност.

рециклирање
- Реклама -