ECO-CLIFF, револуционерна зоолошка градина

Зоолошка ГрадинаХила Давидпу, Тал Газит, Илај Готман и Хофи Харари создале уникатен концепт за зоолошка градина. Доколку раководството на Буенос Аирес го прифати предлогот, градината наречена “ECO-CLIFF” е револуционерна кула чија примарна намена ќе биде гнездилиште за илјадници птици преселнци и еколошко живеалиште за неколку видови животни.

Хила Давидпу, Тал Газит, Илај Готман и Хофи Харари создале уникатен концепт за зоолошка градина. Доколку раководството на Буенос Аирес го прифати предлогот, градината наречена “ECO-CLIFF” е револуционерна кула чија примарна намена ќе биде гнездилиште за илјадници птици преселнци и еколошко живеалиште за неколку видови животни.

зоолошка градина

Обвиткани околу цврста структура, систем од гнезда и челични кабли со различни густини ќе исполнуваат различни функции, а притоа кулата од далеку сепак ќе изгледа како органски гребен. Надворешниот слој на кулата ќе биде полн со дупки кои ќе дозволуваат влез на природна светлина, свеж воздух како и вода од дождови во соодветните делови, а вегетацијата испреплетена со мрежата од челични кабли ќе создава мал еко систем во рамките на градбата.

зоолошка градина

За да се намали влијанието на стакленички гасови, главниот влез на Eco-Cliff ќе биде достапен само преку жичара која ја поврзува кулата со системот за јавен транспорт. Една од примарните функции на оваа кула ќе биде сместување на големиот број птици преселници кои поминуваат низ резерватот Костанера Сур секоја година. Деловите наменети за гнездење на птици преселници ќе бидат веднаш до деловите наменети за посетителите.

Зоолошка градина

Според предложениот план кулата би требало да биде целосно независна градба, со соларни панели за електрична енергија и опрема за еколошко рециклирање и прочистување на вода. Преку уникатниот еко-образовен концепт Eco-Cliff би можела да стане незаборавно образовно искуство за посетителите како и спектакуларен додаток во изгледот на резерватот Костанера Сур и градот Буенос Аирес.

- Реклама -