Креативни дребулии за во кујната

ЈајцаИако кујната не е место каде што обично се покажува креативноста, се поставува прашањето – а зошто да не? Кујната е едно од најважните места во домот, па според тоа, нема ништо чудно да покажете дел од личноста и преку овие необични додатоци.


Иако кујната не е место каде што обично се покажува креативноста, се поставува прашањето – а зошто да не? Кујната е едно од најважните места во домот, па според тоа, нема ништо чудно да покажете дел од личноста и преку овие необични додатоци.

Држач за ножеви
a97198_115
Држот за ножеви Throwzini е инспириран од тркалото на смртта. Петте остри ножеви се сигурни на својата позиција со помош на магнети. Можете трикот да им го покажете на вашите пријатели и тие ќе мислат дека сте професионалец, гледајќи како ниеден нож нема да падне. Чини 69.99 долари и можете да го купите овде.

Роботи за сол и бибер
a97198_69
Еден ден, роботите ќе завладеат со светот. Но, сѐ уште. Барем засега, вие ја имате моќта да ги контролирате овие роботи, кои служат за чување на биберот и солта. Дизајнирани се од Марк Овенс, чинат 10 долари и можете да ги набавите овде. Само внимавајте: секогаш има можност да кројат некој таен план кога вие не ги гледате.
{youtube}cKpwvPxXREc{/youtube}

Икс-точка печат за тостови
a97198_34
Со оваа дребулија, јадењето тостови одеднаш е поинтересно. Можете да играте икс точка на самиот тост, па победникот ќе може да го изеде. Чини 7.99 долари и можете да го купите овде.

Калап за желатин: мозок од зомби
a97198_106
Импресионирајте ги вашите пријатели со тоа што ќе им послужите мозок од зомби. Калапот е пластичен и навистина постигнува голем ефект, посебно ако сте љубител на хорор филмовите. Чини 6.49 долари и можете да го купите овде.

Калап за колачи Пакман
a97198_54
Ако имате проблем со тоа да ги натерате вашите деца да ги вршат работите во кујната, можеби токму ова е тоа што ви е потребно. Овој производ е комбинација од познатиот лик од играта и практично кујнско помагало, кое ќе ви помогне при печењете на вашите колачиња. Чини 14.40 долари и можете да го купите овде.

Апарат за коцкасти јајца
a97198_44
Овој пластичен дизајн ги претвора јајцата од заоблени во коцкасти! Апарат кој ќе ви се најде при детски забави, шведски маси и друг вид на гозби. Чини 6.35 долари и можете да го купите овде.

Шолја за кафе
a97198_77
Шолја за кафе која ви помага да измешате разни брендови на кафе за да го добиете вашиот омилен вкус, со помош на водичот од бои кој е во внатрешноста на шолјата. Достапна е во кафе или чај стил. Чини 14.01 долари и можете да ја купите овде.

Бабушки
a97198_88
Чаши за сок во стилот на руските кукли бабушки. Чинат 18.61 долари и можете да ги купите овде.

НЛО цедалка
a97198_96
Модерна цедалка во форма на НЛО, со која ќе можете да исцедите свеж „вонземски“ сок. Дизајнирана е од фирмата Streamline, чини 13.95 долари и можете да ја купите овде.

Часовник со математички задачи
a97198_27
Овој часовник наместо обични бројки, има математички задачи – на кои резултатот ќе ви ја открие бројката која ја барате. Сигурно професорите ќе го обожуваат. Секој час е математички проблем – откријте го и сте ја решиле равенката на времето. Чини 26.99 долари и можете да го купите овде.

- Реклама -