Што да јадете за рамен стомак?

Освен што се здрави и преполни со состојки што му се потребни на вашето тело, некои намирници верувале или не можат да го „израмнат“ вашиот стомак и да ве подготват за некоја посебна прилика во која мора да изгледате беспрекорно. Дознајте кои се тие.

Цели житарки

Лицата кои се на диета и кои редовно конзумираат производи од цели житарки губат двојно повеќе масни наслаги во подрачјето кај стомакот од оние кои јадат производи со бело брашно. Целите, интегрални житарки се богати со влакна што даваат чувство на ситост. Јадете ги за појадок со јогурт.

Зелен чај

green-tea2

Зелениот чај е богат со антиоксиданси кои го забрзуваат метаболизмот. Пијте го ладен наместо вода.

Кефир

Протеините од кефирот го зголемуваат чувството на ситост, а пробиотиците во него го забрзуваат трошењето на калории и го подобруваат варењето. Освен тоа, неговите активни состојки поттикнуваат разградување на маснотиите.

Авокадо

Avocado

Авокадото како и маслиновото масло е богато со мононезаситени масни киселини кои не се складираат во телото како маснотии. Содржи и посебен шеќер кој го регулира излачувањето на инсулин кој е важен фактор во согорувањето на мастите.

Јајца

Протеините се неопходни за функционирање на организмот, а освен тоа, истражувањата покажауваат дека ако внесувате поголемо количество протеини дневно, ќе загубите 71 калорија дневно повеќе.

Секо утро јадете по едно јајце затоа што му дава сила на организмот. Јајцето ќе ви даде сила, но и ќе ја поттикне работата на метаболизмот.

Цитрони

grejfrut

Цитроните содржат многу вода и натриум и со тоа ја надоместуваат потребата за течности и минерали на организмот. Богат е со ензими и ги разградува мастите. Со тоа ова овошје е совршено за забрзување на работата на метаболизмот и рамен стомак. Цитронот може да го исцедите како сок или да го кознумирате како меѓуоброк.

- Реклама -