Вистински куќи инспирирани од цртани филмови

Повеќе...Дали понекогаш сте посакале вашата куќа да изгледа како онаа од омилениот цртан филм? Па, постојат луѓе кои всушност го направиле тоа, и мора да признаеме – резултатите не се лоши.

Дали понекогаш сте посакале вашата куќа да изгледа како онаа од омилениот цртан филм? Па, постојат луѓе кои всушност го направиле тоа, и мора да признаеме – резултатите не се лоши.

Куќата на Simpsons
simpson2
Ова е копија на истата куќа од серијата и изгледа потполно исто – внатре и надвор. Направена е од фан на The Simpsons и се наоѓа во Хендерсон, Невада.

Flintstones куќа
flinstones
Оваа камена куќа изгледа неверојатно исто како куќата во The Flintstones. Има предна врата, неколку прозорци и покрив. Се наоѓа во Nas планините во Португалија.

Barbie куќа
barbie
Оваа модерна куќа е дизајнирана од декораторот Џонатан Адлер на вечерта на 50. роденден на Барби. Има 3.500 метри квадратни и поглед кон Пацифичкиот океан. Куќата се наоѓа во Малибу, Калифорнија.

Minnie Mouse куќа
mini
Оваа розова куќа не е само слатка однадвор – таа е и потполно опремена внатре. Има работи како на пр. секретарка со гласовите на Мики и Шиљо, печка, па дури и микробранова од која излегуваат пуканки. Се наоѓа во Орландо, Флорида.

Куќата на Snoopy
snoopy
Оваа огромна копија на куќата на Снупи всушност е киоск за информации кој се наоѓа на комплекс од бејзбол терени. Се наоѓа во Санта Роса, Калифорнија.

Hobbit куќа
hobbyt
Оваа неверојатна хобитска куќа е изградена од Сајмон Дејл, кој всушност не е архитект, ниту пак градежен работник. Ја направил со помош на дедо му и случајните минувачи за 4 месеци и го чинела 3000 фунти.

Hello Kitty куќа
_hellokitty
Оваа слатка розова куќа е 100% инспирирана од најпозната мачка во историјата. Се наоѓа во Тајпеј, Токио.

Куќата на Heidi
heidy
Не само што оваа куќа е иста како и онаа на дедото на Хајди, ама и пејсажот е некако сличен, нели?:)

Куќата на Batman
batman
Оваа мистериозна куќа премногу личи на најпознатата вила во Готам. Тоа црвеното…којзнае, можеби Бетмобилот…?

Куќа инспирирана од Star Wars
starwars3
Оригиналната куќа била изградена во 1970 од Клауд Кинг, а инспирацијата била земена од Нил Амстронг(кој самошто слетал на месечината). Куќава во облик на летечка чинија се наоѓа во Чатанога, Тенеси. Иако изгледа како да е земена од Star Wars филмовите, првиот филм бил направен 7 години откако куќата била изградена.
- Реклама -