Најинтересни активности во Милано

Милано е еден од најубавите и најинтригантните градови во светот. За да ја искусите магијата на Милано во полн сјај, треба да ги следите советите на илјадниците туристи кои секоја година го посетуваат главниот град на Ломбардија.

Погледнете ја Тајната вечера

Santa_Maria_delle_Grazie_Milano_07-08-2007

Ремек-делото на Леонардо да Винчи се наоѓа во црквата Санта Марија дела Грација во Милано. Фреската што за малку ќе била уништена за време на Втората светска војна, денес е во целост реставрирана и е отворена за посетители. Но, интересот за „Тајната вечера“ е огромен и затоа е потребно да резервирате термин од 15 минути, за да можете непречено да се восхитувате на уметноста на Да Винчи.

Качете се на катедралата Дуомо

duomo

Третиот најголем христијански храм во светот, катедралата Дуомо, се градел речиси 500 години, а денес е една од најпосетените локации во Милано. Откако ќе влезете, не пропуштајте ја можноста со лифт да се качите на покривот и да уживате во глетката. Ако имате среќа денот да биде убав, ќе можете да ги видите Алпите.

Шопинг во еден од најстарите трговски центри во светот

4

Непосредно до главниот плоштад Дуомо, се наоѓа трговскиот комплекс со стаклен покрив „Галерија Виторио Емануеле II“. Џузепе Мењони го дизајнирал и подигнал овој комплекс уште во 1867 година. Трговскиот центар е украсен со бројни мозаици по подовите, а таму ќе најдете продавници од водечките модни брендови од Милано.

Побарајте добра зделка на пазар

ny_upper_eastside_35_milano_market_159

Покрај високата мода и отмените продавници, Милано е познат и по пазарите на кои можете да пронајдете исклучително вредни предмети за ниска цена. Одберете убав, сончев ден, облечете удобна облека и обувки и тргнете кон некој од пазарите за антиквитети. Дури и да не го пронајдете она што го барате, сигурно ќе се забавувате во процесот.

Happy Hour на милански начин

cafe saint george Milan

Во текот на Happy Hour (обично помеѓу 19 и 21 часот), кафулињата и баровите во Милано се обидуваат да привлечат колку што е можно повеќе гости, секогаш нудејќи за нијанса повеќе од конкуренцијата. Принципот е едноставен – треба да купите барем еден коктел (со цена помеѓу 6 и 8 евра), а со тој пијалак, во текот на двата часа, можете да се послужите со сѐ што е на менито на храна, без ограничување. Ако одберете добар локал, тогаш ќе уживате во сетот на некој од познатите, локални диџеи.

Текстот е објавен во соработка со Iguana.com

- Реклама -