Скулптура на Wall Street бик и во Скопје

bikk2.jpg Иако сличноста е преголема за да се одмине идејата дека станува збор за апсолутен плагијат на можеби една од најпознатите светски скулптури – Њујоршкиот „Бик во напад“, Скопје деновиве доби 10 9 „уникатни“ скулптури во форма на просјак, чистач на чевли, шмизла, бик, како и неизбежната “жена со гитара“.

Иако сличноста е преголема за да се одмине идејата дека станува збор за апсолутен плагијат на можеби една од најпознатите светски скулптури – Њујоршкиот „Бик во напад“, Скопје деновиве доби 10 9 „уникатни“ скулптури во форма на просјак, чистач на чевли, шмизла, бик, како и неизбежната “жена со гитара“.

Нашиот бик на улицата Македонија во Скопје
bikk.jpg
85c86259b55f04429de73b30597a9756.jpg
Плагијат или само инспиративна коинциденција?

Charging Bull на Вол Стрит во Њујорк
763px-charging_bull_at_bowl.jpg
Додека бикот во Њујорк е симбол на американскиот агресивен финансиски оптимизам и просперитет,
нашиот би требало да отсликува вистински бик во борба со тореро(?)

{youtube}QQRRceoy4mA{/youtube}
Ваквото масовно поставување на скулптури кои немаат никаква симболика за градот и граѓаните на Скопје е само непотребно оптоварување на јавниот простор во централното градско подрачје и обезвреднување на останатите јавни уметнички дела.

*****

Скулптурите, кои се дел од проектот за поставување 35 скулптури во центарот на градот, ги промовира министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

На улицата Македонија претставени се скулптурата “Бик” на авторот Дарко Дуковски, “, “ЕЕЕЈ” на Димитар Филиповски, како и “Маски” од Ристо Станковски, “Чистач на чевли” од Елена Дуковска и “Просјак” од Наташа Бужарова.

Пред хотелот Холидеј ин, поточно кај Ирскиот паб, презентирана е скулптурата “Жена со гитара” од авторот Синиша Новевски, а на кејот, “Бесконечна циркулација” од Сашо Саздовски.

Пред зградата на Македонската опера и балет е поставена скулптурата “Балерина” од Зоран Тошевски и “Космо интеграла 2008” од Антони Мазневски.

Со овие 10, Скопје веќе доби 17 од предвидени 36 скулптури кои треба да го разубават центарот. Преостанатите ќе бидат поставени за три месеци. Сите скулптури заедно чинат нешто над 1 милион евра.

Владата освен скулптури, наскоро планира да постави и 17 споменици – проект вреден 8 милиони евра.  Макфакс

- Реклама -