Пенкало за праќање sms и e-mail

Прочитај повеќе...За оние кои не ги сакаат копчињата од тастатурата, а во исто време сакаат да ги користат предностите на дигиталната технологија, еве едно дигитално пенкало што овозможува да се испраќаат sms и e-mail напишани на хартија.

За оние кои не ги сакаат копчињата од тастатурата, а во исто време
сакаат да ги користат предностите на дигиталната технологија, еве едно
дигитално пенкало што овозможува да се испраќаат sms и e-mail напишани
на хартија.

dscribe

D:Scribe е дигитално пенкало кое е дизајнирано да личи на традиционалните пенкала, но кое може да го препознаe текстот (или цртежот) напишан на хартија и да го конвертира во sms или е-маил. Корисникот ќе може да го зачува и испрати текстот преку Bluetooth, едноставно запишувајќи го името на оној за кого пораката е наменета и заокружувајќи го. На екранот на пенкалото може да се следи како напредува пишувањето и испраќањето на пораката откако ќе се кликнe send. Пенкалото исто така може да сочува се што е напишано и може да се поврзе на компјутер за да ја прегледа зачуваната содржина. За разлика од традиционалните пенкала, во овој случај не ви потребна ни хартија, може да се пишува и во воздух.

За жал, овој продукт е се уште само дизајнерски концепт.

dscribe2
- Реклама -