Мажите и жените се два сосема различни света и грешките во комуникацијата помеѓу двата пола се секојдневна појава.
Но, овој пат нема да зборуваме за разликите во однесувањето, туку за секојдневните женски рутини и појави кои некои мажи никогаш нема да ги разберат. Ги прашавме и добивме многу интересни, но и симпатични и малку комични одговори.
Големина на градникот
Ги знам основните големини од 2 до 5 и тоа само врз основа на визуелна проценка. Но, кога во приказната се вклучуваат и букви пропратени со бројки, тој дел никогаш нема да го разберам, но искрено, не се ни обидувам. (Иван, 34)
Тампон
Во теорија разбирам што е неговата функција, но, со оглед на тоа дека никогаш не сум видел каква точно е постапката, не ми е јасно како не им смета. Од друга страна, никогаш не сум го видел без фолија, па не сум сигурен што точно се случува кога ќе се отвори. (Давид, 27)
Менструација општо
Се сеќавам на сè што учевме на училиште и од медицинска страна ми е јасно. Но се уште имам илјада прашања. „Тече“ цело време, како чешма или со паузи? Како знаат дека завршило? Дали жените чувствуваат кога излегува? (Горан, 25)
Одење во тоалет во друштво
Мажите одат во тоалет, ја извршуваат својата работа и излегуваат, а кога ќе сретнат некој познат кој ја вршел истата работа пред вас, нема разговори и погледи, само кратко „здраво“. Не разбирам што се случува во женскиот тоалет и зошто некој би сакал да седи на тоалетната школка и да разговара? (Александар, 40)
Одење во високи потпетици
Кога ги облакам елегантните чевли имам чувство како да сум на мраз. Јас навистина не разбирам како жените можат да одат на толку високи потпетици и при тоа да оддржат рамнотежа и да изгледаат совршено. Секоја чест! (Кирил, 35)
Љубовта кон чевлите општо
Во плакарот имам елегантни чевли за посебни прилики, чевли за надвор, едни спортски и едни „шминкерски“ патики и повеќе не ми треба. Не разбирам што ќе ви се толку чевли кога никогаш не би ги износиле? (Маријан, 33)
Зошто жените секогаш мирисаат толку убаво?
Што е тоа? Дали е сапун, парфем, крема? Јас кога ќе се испотам чувствувам мирис на пот, кога јадам, чувствувам мирис на храна, кога ќе ги соплечам чевлите по работниот ден и тоа како го чувствувам мирисот на нозете. Не сфаќам како успеваат секогаш да мирисаат толку убаво? (Филип, 29)