7 пати ја измамил смртта, па добил на лото!

Фрањо Селак, од Хрватска, без дилема може да се смета за најнесреќниот и најсреќниот човек на светот. 85-годишниот учител по музика, живеел живот како во филмот Final Destination, а смртта, изгледа го демнела на секој чекор. Само што, наместо на крајот да му биде сервиран удар од некоја светлечка реклама, тој добил околу 600.000 фунти на лото, во 2005-тата.

2

Првата средба со „Косачот“ ја имал во 1962-та кога патувал со воз од Сараево кон Дубровник. Возот излетал од шините и завршил во ледената река, во која се удавиле 17 патници. Селак поминал само со скршена рака и хипотермија.

Во 1963-тата, Селак прв и последен пат се качил на авион (во овој момент не бил баш фан на возовите). За време на летот, вратата на авионот се отворила, а Фрањо се нашол во слободен пад, без падобран! За огромно чудо, паднал на огромен куп сено и поминал само со мали повреди. Поради отворената врата, авионот се урнал, а загинале сите останати 19 патници.

3 години подоцна, автобусот со кој патувал излетал од патот и завршил во река. Веќе искусен, Фрањо испливал на брегот само со неколку мали исеченици и гребнатини. Во инцидентот се удавиле 4 лица.

По 4-годишно примирје со Смртта, следувала уште една блиска средба. Додека возел, автомобилот на Селак се запалил, а тој успеал да излезе и да се одалечи само неколку секунди пред да експлодира резервоарот за гориво.

car

И покрај сите предупредувања, Фрањо решил да ризикува и купил нов автомобил… грешка. Исто како и претходниот, и овој пламнал во оган, предизвикан од дефектната пумпа за гориво која испрскала бензин преку жешкиот мотор. Пламените јазици пробиле преку вентилаторите за воздух, а Селак се здобил со неколку помали изгореници, губејќи ја речиси сета коса.

На смртта и требале 20 години да се рехабилитира од шоковите што и ги приредил Фрањо. И тогаш, кога тој конечно решил дека е најбезбедно да пешачи, го удрил автобус. Очекувано, Фрањо поминал со незначајни последици.

Така, во 1996-тата, Селак се почуствувал непобедлив, па решил да се провози по околните планини. Влегувајќи во кривина, налетал на голем камион упатен право кон него. Немајќи простор за маневри, удрил во оградата и паднал во 100-метарска длабок ендек. Но човек со толку „смртно“ искуство не е за потценување. Во стилот на Џејмс Бонд, додека автомобилот паѓал, Фрањо успеал да скокне и да се фати за гранка од дрво, од која уживал во експлозијата далеку под неговите нозе.

1

И додека сите го нарекувале „екстремно среќен“, Селак се чувствувал тотално спротивно од тоа, особено кога ќе се земе во предвид дека имал 4 неуспешни бракови зад себе. Сепак, во 2003-тата, тој решил да ги послуша советите и купил лото-тикет. Како што нормално се случува кога некој ќе ја измами смртта и ќе купи тикет, Фрањо го добил џек-потот од 600.000 фунти. Веднаш потоа, ја запросил тогашната „девојка“, што завршило со неговиот 5-ти брак.

5 години подоцна, на возраст од 81, а откако изградил храм на Дева Марија, тој почнал да го раздава остатокот од парите на своите блиски и на пријателите, додека паралелно го продал имотот на еден приватен остров и се вратил во домот јужно од Загреб, каде што живеел пред да ја добие лотаријата. И навистина, знаејќи дека бродот е единственото превозно средство со кое не настрадал, приватен остров и не е така добра идеја. Оттогаш, Селак води сосема поинаков стил на живот, и за сега, изгледа безбеден.

4

„Никогаш не се сметав за среќен поради фактот што воопшто морав да ги доживеам сите тие блиски средби со смртта, но не можеш да им објасниш нешто на луѓето кога тие самите не сакаат да веруваат“.

- Реклама -