7 основни правила за добар секс

Џабе финеси ако ја немате основата. За да можете целосно да уживате во сексот, ова се предуслови што мора да ги исполните.

1. До оргазам тешко ќе дојдете без квалитетна предигра. Бавното истражување на телото прекриено со парче облека ќе ги излуди сетилата на двата партнера и ќе ве подготви за продолжението на акцијата.

2. Негативните коментари за изгледот и големината на одредени делови на телото на другиот се апсолутно забранети во креветот.

3. Заборавете на инфантилните и бебешките гугања. Никој нема да се „попали“ ако му се обраќате како на бебе, па макар му зборувале и најсекси нешта.

4. Практикувајте секс целосно или делумно голи. Чорапите на голото машко тело воопшто не се секси и не спаѓаат во ниту една од двете категории. Избегнувајте ги.

shutterstock_70999960[1]

5. Искрено признајте му на партнерот дека сексот е смешна активност, па така ќе ги надминете непријатните ситуации. Необичните звуци што ви се откинуваат од грлото и чудните пози во кои ви се грчи телото се само составен дел од уживањето.

6. Ако не барате, нема ни да добиете. Комуникацијата е неопходна за да опстои огнот меѓу покривките, а особено е важна кај новите љубовници кои сеуште не си ги познаваат телата и желбите.

7. Сексот нема многу допирни точки со сцените од порно-филмовите, а ниту со романтичните комедии. Во креветот треба да се препуштите исклучиво на оние експерименти кои ќе ви одговараат вам и на вашиот партнер, во кој случај лесно ќе стигнете до неповторлива кулминација.

- Реклама -