7-ми Април- Светски ден на здравјето

Светскиот ден на здравјето се прославува на 7-ми Април за да го означи основањето на Светската здраствена организација (СЗО).

Секоја година организацијата по повод овој ден избира важно прашање поврзано со здравјето и ги охрабрува луѓето од сите воздрасти и средини да го одбележат денот истакнувајќи го значењето на избраната годишна тема.

Светскиот ден на здравјето претставува единствена можност да се соединат, барем на еден ден, луѓето и заедниците ширум светот и да превземат заедничка акција во насока на подобрување на здравјето и благосостојбата на сите нас.

Светската здраствена организација (СЗО) во 1948 година на своето прво собрание одлучи 7-ми април да биде прогласен за Светски ден на здравјето, а од 1950 година Денот се одбележува секоја година.

Денешниот ден е со мотото „Болести кои се пренесуваат преку вектори или вектор преносливи болести“ со напомена „Мал убод, голема закана“. Светската здравствена организација препорачува дека потребна е контрола на векторите или преносителите кои се живи организми (комарци, крлежи, песочни муви, болви…) или нивно уништување, превенција на болести и ограничување на нивно ширење во вид на епидемија.

Прочитајте и:  Заборавете на лековите: Ова се 5 магични чаеви кои засекогаш ќе ви ги решат дигестивните проблеми

По повод Светскиот ден на здравјето, 7-ми април, денес во Старата скопска чаршија, пред Чифте Хамам и Мурат пашината џамија, од 9 до 14 часот ќе се оддржи акција за бесплатни превентивни прегледи на граѓаните. Освен овде и на многу места ширум Македонија ќе се прават бесплатни прегледи.

Тимот на 365.com.mk го честита празникот на сите здраствени работници и на сите луѓе кои се грижат за своето здравје, а во продолжение избравме мисла од Хипократ: „Нека храната биде твојот лек и лекот биде твојата храна“.

- Реклама -