7 гаџети кои ќе ви помогнат да се релаксирате на работа

Едно неодамнешно истражување спроведено од Everest College покажува дека речиси 83% од луѓето во светот страдаат од стрес на работното место.

Тоа практично е 8 од 10 лица, што е доста загрижувачка бројка со оглед на фактот дека нивото на невработеност продолжува да паѓа. Специјалистите тврдат дека стресот на работното место е значително посилен кога вработениот е нов или има потреба од помош за справување со своите должности.

За да се решат проблемите и да не бидете сфатен како неспособен или мрзлив, од Complex нудат неколку гаџети, кои ќе ви помогнат да се релаксирате во канцеларијата.

Ostrich Pillow

1

Истражувањата покажуваат дека дури кратка дремка во текот на денот може навистина да ги зголеми менталните способности и нашата ефикасност. Па кога вашиот дух и виталност се под граничницата, користете ја оваа перница, изработена од 100% бамбусови влакна и ќе се наполните со нови сили. Цена $ 18,40.

Безжично паметно пенкало Livescribe Sky

2

Ако ви е досадно додека сте на состанок, користете го оваа интелигентно пенкало. Livescribe Sky пенкалото има способност да се поврзува директно со таблети, користејќи безжична функционалност, да ги пренесува записите и цртежите од хартија, директно во дигитален формат, да снима аудио сесии и безжично да ја пренесува информацијата во личен Evernote профил. Цена 250 $.

Air Purifier Spy Cam

3

Овој гаџет може да го намали стресот акумулиран во вас и да ви обезбеди чист воздух на вистинското место во канцеларијата. Камерата следи и регистрира каде има движење во просторијата и токму таму го прочистува воздухот. Цена 400 $.

Боксерска вреќа за биро

4

Овој гаџет ќе ви помогне да се ослободите од акумулираната во вас агресија и негативна енергија. Верувајте дека не е добро да го истурате гневот на оние околу вас, а подобро да го истурите на ова нешто . Цена 17 $.

Домашно кино за iPad од Belkin

5

Сопствениците на iPad имаат голема среќа со преносните звучници на Belkin. Овој гаџет ви овозможува да уживате во вашата омилена музика или видео во вашата канцеларијата. Цена 200 $.

USB Brain Massager

6

Овој елемент работи многу добро, иако има бизарен вид, а исто така може да ви ги олесни сите тензии во вашата глава. Работи со 8 нивоа на интензитет, а може да ја подобрува циркулацијата на крвта, метаболизмот и меморијата. Цена 40 $.

Wiki USB фрижидер

73

Понекогаш се што ви треба за укинување на тонусот е ладен пијалок. Овој елемент е со цена од $ 26 и може да ви помогне во најжешките денови во канцеларијата.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -