7 едноставни трикови за детоксикација без диета

По празничното уживање во масни, солени, слатки и генерално- обилни оброци, време е да се вратиме на природата, вежбањето и омилениот пар фармерки.

Со овие стручни совети не мора да држите диета за да го подобрите организмот со гастрономски „напори“.

 

1. Паузирајте од млечните производи

Лекарите предупредуваат дека млечните производи имаат тенденција да ја успоруваат работата на црниот дроб кој функционира како филтер на токсините од телото. По празничното „претерување“, корисно е да се намали на конзумација на млеко, јогурт и сирење за кратко време, со цел да се поттикне процесот на природната детоксикација на телото.

Detoksikacija bez dijete 3

2. Кафето заменете го со чај

Меленото кафе е одличен извор на кофеин кој го разбудува организмот, но содржи некои супстанци кои можат да ја забават детоксикацијата на организмот. Заменете го вашето утринско кафе со топол пијалок од камилица или други природни билки.

3. Направете пауза од алкохолот

Пиењето алкохолни пијалоци е дел од прославата на празиниците, и еден од главните причини поради кои ви е потребна детоксикација. Поттикнете го чистењето на телото со правење на пауза од пиење на (жестоки) алкохолни пијалоци.

Detoksikacija bez dijete 5

4. Изберете органски производи

Ако имате (финанскиска) можност, опоравете го телото со помош на органски производи. Храната одгледана без пестициди и други хемиски производи полесно се разградува во телото, а содржат и повеќе корисни хранливи состојки.

Одберете храна која го сака вашиот црн дроб, како органски одгледана зелка, брокула, морков, цвекло, прокули, лук и артичок.

5. Јадете храна богата со влакна

Мажите до 50 годишна возраст секој ден треба да внесуваат во телото 38 грама прехрамбени влакна, а оние над таа возраст седум грама помалку. Целите зрна и зеленчукот богат со овие вредни елементи го стимулираат метаболизмот и варењето на храната, и ве спасуваат од надуеност.

Detoksikacija bez dijete 4

6. Пијте вода со лимон

Останете хидрирани во текот на зимските месеци. Секој ден пијте 2 литри вода и така ќе обезбедите правилно функционирање на органите- филтри: бубрезите, црниот дроб и кожата. За дополнителна детоксикација ефект: наутро пијте една чаша вода со малку свежо исцеден сок од лимон.

7. Посетете сауна

Неколку пати неделно одете во сауна од половина до еден час, каде ќе ги испотите своите токсини преку површината на кожата, на многу едноставен начин- седејќи.

Се разбира, резулататот ќе биде многу подобар ако се движите и тргнете од пред телевизорот и компјутерите. Ви советуваме одење во теретана, пешачење на планина или јога.

Detoksikacija bez dijete 2

- Реклама -