Јувентус го доби градското дерби, нов пораз на Интер

Јувентус со два гола во финишот славеше над градскиот ривал Торино, Палермо со 1-0 дојде многу значаен триумф над Интер, Фиорентина ја победи Сампдорија и се искачи на третата позиција на табелата.

Јувентус со 2-0 победи на гостувањето кај Торино и дојде на само чекор до заверка на Скудетото.

Победата беше изборена во самиот финиш од натпреварот, најпрво Видал во 86. минута погоди за водство од 1-0, а Маркисио во судиското продолжение ги постави конечните 2-0.

Фиорентина со убедливи 3-0 победи на гостувањето кај Сампдорија и се искачи на третата позиција на табелата која носи место во Лигата на Шампионите.

Куардадо, Љајиќ и Аквилани ги постигнаа головите за Виолетовите.

Доколку Милан вечерва ја победи Катанија, ќе ја врати третата позиција.

Палермо со 1-0 го совлада Интер и освои многу важни три бода во борбата за опстанок.

Иличиќ во 10. минута го постигна голот кој значеше победа за домаќините.

Хавиер Занети во 17. минута заработи тешка повреда поради која ќе го пропушти преостанатиот дел од сезоната.

Рома по киксот против Пескара, денес убедливо со 4-0 ја победи екипата на Сиена.

Играч на натпреварот беше Освалдо кој реализираше хет-трик, еднаш погоди Ламела.

Лацио одигра без голови на гостувањето кај Парма, а Џенова со 1-0 дојде до важни три бода од Верона совладувајќи го Киево.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -