Кременадли со сос од сенф

Свинското место е одличен извор на протеини, но и витамини од Б групата. Познато е дека содржи многу масти, но кременадлите не се покалорични од пилешкото месо. Затоа подгответе ги денеска за ручек. Предлагаме да ги спремите со сос од сенф.

Состојки: 4 кременадли, 3 лажици сусам, 3 лажици зејтин, 5 лажици бело вино, 3 лажици соја сос, 2 лажици сенф, 2 лажици ситно исецкан млад кромид

senf

Подготовка: Испржете го сусамот без додавање на маснотија додека не пожолти. Измијте ги кременадлите, истенчете ги со кујнски чекан, посолете ги и испржете ги на загреано масло од двете страни по три минути. Прелијте ги со виното, додадете го сусамот и поклопете со капак. Динстајте пет минути на умерен оган. Месото ставете го на чинија, а во маснотијата во кое се пржеше додајте сенф, соја сос и сол. Измешајте и оставете го малку на оган. Прелијте го месото со добиениот сос. Одозгора додадете го младиот кромид.

Добар апетит!

- Реклама -