Топ 10 најдобри Фајрфокс екстензии

Повеќе... Ова е ултимативна топ листа на најдобри Фајрфокс екстензии кои поголем дел од корисниците ги оцениле како најкорисни во дневната практика и како најиновативни во смисла дека внесле нешто ново и уникатно во искуството со Фајрфокс. Погледнете дали оваа топ листа ќе ве инспирира да внесете некоја новинаво вашата пребарувачка рутина.

Ова е ултимативна топ листа на најдобри Фајрфокс екстензии кои поголем дел од корисниците ги оцениле како најкорисни во дневната практика и како најиновативни во смисла дека внесле нешто ново и уникатно во искуството со Фајрфокс. Погледнете дали оваа топ листа ќе ве инспирира да внесете некоја новина во вашата пребарувачка рутина.

10. AutoCopy
autocopy.jpg
Основна намена: со AutoCopy можете да го ископирате секој текст кој ќе го селектирате без да ви е потребна кратенката Ctrl+C.  Само го селектирате текстот, а за да го ископирате на друго место кликнете го средното копче на маусот наместо Control+V. Препорачано за оние кои пишуваат, копираат и пастираат многу, но тоа не е сé – AutoCopy исто така автоматски ги скратува долгите URL-а.

9. Google Gears
top10_gears.png
Доколку ве израдува фактот што Гугл овозможи офлајн користење на Gmail, тогаш како ви изгледа тоа да можете на ист начин да ги користите и Google Reader, Docs и Google Calendar? Тоа ви го овозможува оваа екстензија за Фајрфокс, која лесно може да се инсталира и која го смени начинот на користење на интернетот – Google Gears.

8. Personal Menu
personal_menu.png
Оваа екстензија им дава на веб содржините кои ги разгледувате повеќе простор, такашто го заменува менито кое се протега низ целиот екран на врвот од Фајрфокс прозорецот со едно единствено паѓачко мени во кое можете да изберите кои од менијата ќе се појавуваат. Можете да ја активирате опцијата за привремено враќање на старото мени со Alt, а екстензијата автоматски го додава history и bookmarks копчињата за да надомести за двете најактивни менија.

7. Better Gmail 2
better_gmail_2.png
Оваа екстензија и претходно ја имавме споменато во 11 корисни Gmail екстензии за Firefox 3, овде ја изделуваме повторно како најдобра екстензија од овој вид.

6. DownThemAll!
down_them_all.png
Не е некоја алатка која ја користите секојдневно, но многу е корисна кога имате потреба. DownThemAll е селективна, моќна алатка за даунлоадирање која ви штеди време кога сакате да ги преземете сите слики на некоја страница (вклучително со линковите за поголеми и зумирани верзии), сите MP3-ки на некој музички блог или кој било друг филтер кој ќе го изберете.

5. Tab Mix Plus
top10_tabmixplus.png
Се сеќавате на деновите на пребарување на интернет без отворање на повеќе табови? Табовите се клучната состојка за повеќето кои се навикнати на мултитаскинг режимот на интернет, а за нив Tab Mix Plus е клучната екстензија – со неа можете да контролирате кои линкови ќе се отвораат во нов таб, нов прозорец или во истиот прозороц на OCD-friendly ниво, додава и некои карактеристики како италик текст на табот кој сé уште не сте го виделе и undo closed tab опција. Ова е само основата на тоа што сé може Tab Mix Plus, но дури и тоа е доволно за да покаже зоштo e вредна за инсталирање.

4. Automatic Save Folder
auto_save_folder.png
Оваа екстензија технички е сé уште експериментална (non-Mozilla-approved download), но доби многу позитивни реакции од нејзините корисници. Automatic Save Folder е добар и интелегентен придружник на DownThemAll, кој ги сместува фајловите кои ги преземате  во посебни фолдери во вашиот систем врз основа на екстензијата на фајловите или сајтот од каде ги преземате, вие ги поставувате правилата и ги сместувате по ваша желба.

3. Adblock Plus
adblock_plus.png
Доколку има некоја реклама што посебно ве нервира и ви го одзема вниманието непотребно, со оваа екстензија (како што кажува и нејзиното име) можете да ја блокирате: десен клик+Adblock Image ќе ја убие несаканата реклама. Можете и да ја вратите назад доколку сепак на крајот сте станале љубопитни да видите за што станува збор.

2. Greasemonkey
gresemonkey_logo.png
Greasemonkey може да се опише како мета екстензија или нешто со чија помош можете да го промените начинот на кој некои ваши омилен сајтови се „однесуваат“ и  изгледаaт. На пр. доколку сакате YouTube да ви презема клипови со висок квалитет по дифолт врз основа каков е вашиот bandwidth – ете ви го на помош Greasemonkey.  Ова е само еден пример, вакви скрипти направени од корисниците можете да најдете насекаде на интернет, но доколку сте почетник можете да проверите на Userscripts.org.

1. Foxmarks/Xmarks
xmarks_sync.png
Foxmarks постепено се ребрендира во Xmarks, но остана исто толку добра и посакувана екстензија која заслужува да биде на прво место. Ги синхронизира обележаните страници (bookmarks) и лозинките на различни пребарувачи на која било платформа и ги зачувува на веб страница која можете да ја посетите од кој било пребарувач каде што можете да ја инсталирате екстензијата. Foxmarks е компатибилна и на IE и Сафари. Ова е алатка која ви овозможува да зачувате различна веб содржина, веб и IM адреси на едно место за да ви бидат истите достапни во секое време и од различни места. Транзицијата кон Xmarks донесе и неколку други соц-карактеристики за пребарување и обележување страници кои можете да ги користите или доколку не ви се допаѓаат да ги онеспособите.

слично:
11 корисни Gmail екстензии за Firefox 3

- Реклама -