Еден плеер за сè – GOM player

gomДали користите еден плеер за стандардни DivX видео фајлови, друг за Real видео фајлови, а трет или четврт за останати видови на видео фајлови? Во тој случај и вие како и повеќето корисници на компјутери немате слушнато за GOM player. Се работи за видео плеер кој ги чита сите можни видови на видео фајлови, а е побогат со опции од повеќето други плеери собрани заедно. И погодете што е најпривлечно кај GOM – 100% е бесплатен.

Дали користите еден плеер за стандардни DivX видео фајлови, друг за
Real видео фајлови, трет или четврт за останати видови на видео
фајлови и некој петти за DVD? Во тој случај и вие како и повеќето корисници на компјутери
немате слушнато за GOM player. Се работи за видео плеер кој ги чита
сите можни видови на видео фајлови и DVD и видео дискови, а е побогат со опции од повеќето
други плеери собрани заедно. И погодете што е најпривлечно кај GOM –
100% е бесплатен.

gom1

Затоа немојте да чекате, отстранете ги сите оние плеери кои ги користите и симнете си го GOM од официјалната страна. Таму ќе најдете и интересни маски за истиот, кои ќе го променат изгледот на GOM во зависност од вашиот избор. Секако на плеерите им се потребни кодеци за да можат да ги читаат видео форматите. На GOM не му се потребни кодеци за стандардните видео формати кои ги користат поголемиот број на корисници.

Но доколку сте напреден видео корисник и сакате GOM да чита Real, Quick Time, MKV и сите останати фајлови самиот тој ќе ви препорача страна каде да симнете кодек за видео фајлот кој ќе пробате да го отворите. Уште повеќе, доколку сакате да ги имате сите кодеци уште во моментот кога ќе го инсталирате GOM еве линк до официјалната страна на Windows Essentials Codec Pack, кој е мал, брз пакет со кодеци и со кој вашиот GOM ќе чита се живо и диво.

- Реклама -