GeeXboX:Отворен медиа центар

gx-boot-full-omcСе работи за т.н. "живо", односно live цд кое вашиот компјутер привремено ќе го претвори во домашен театар. GeeXboX нема никакви проблеми со пуштањето на било каков мултимедијален фајл. Првенствено направено како замена за оние корисници на Линукс оперативниот систем кои не можат да пуштаат divX филмови, овој проект прерасна во комлетно функционален мултимедијален плеер кој е перфектен начин да го вратите во живот стариот компјутер кој собира прашина. Доволно е да имате Пентиум 2 со процесорски такт на работа од 400Mhz, 64 мегабајти рам, тастатура и цд ром. [geexbox.org]

- Реклама -