Топ Фајрфокс екстензии

previeffШто е Фајрфокс?

Фајрфокс
е интернет пребарувач базиран на слободен софтвер, или ако повеќе
милувате, софтвер со отворен код. Покрај тоа што можете да го користите
за било која намена, тоа што кодот му е достапен и можете да го
редистрибуирате и делите, значи и дека можете бесплатно да го преземете.

 

firefox

 

Што е Фајрфокс?

 

Фајрфокс е интернет пребарувач базиран на слободен софтвер, или ако повеќе милувате, софтвер со отворен код. Покрај тоа што можете да го користите за било која намена, тоа што кодот му е достапен и можете да го редистрибуирате и делите, значи и дека можете бесплатно да го преземете.

 

Обратете внимание на можностите на Фајрфокс. Прелистување со јазичиња(табови), блокирање на непожелни скокачки прозорци(pop up), активни обележувачи, даунлоад менаџер(resume support), зголемена сигурност, интегрирано пребарување со Гугл или било кој друг сервис кој ќе го поставите, подршка на македонски, како и огромен број на екстензии кои можете сами да ги инсталирате за да го прилагодите Фајрфокс на своите потреби.

 

Тимот на 365.com.mk пребара за вас, и ви ги претставува најпопуларните екстензии кои ќе ви ја олеснат работата со Фајрфокс и сурфањето.

 

1. All-In-One Sidebar е контрола преку странична преграда, инспирирана од Опера. Преку неа може брзо да менувате помеѓу даунлоадите, екстензиите итн. Совет: Не држете повеќе од 20 даунлоади во листата.

2. Copy Plain Text – Прави токму тоа што се вели во насловот. Копира текст, без притоа да го форматира.

3. DownThemAll е моќен, лесен за користење и овозможува нови доунлоад можности на вашиот броусер. Со него може да ги преземете сите линкови или слики од посакуваната веб страна во најбрзо време.

4. FireFTP е бесплатен, безбеден FTP клиент за Фајрфокс кој овозможува лесен пристап до FTP серверите.

5. Flashblock е екстензија која ги блокира сите флеш анимации на веб страницата и не им дозволува да се лоадираат. Потоа остава „плеј“ копче кое ви овозможува да го кликнете флешот доколку сепак сакате да го погледнете. Одлично за оние со слаба интернет конекција!

6. Forecastfox Enhanced е екстензија преку која може да ја следите временската прогноза на тулбарот и се инсталира во долниот десен агол. За Скопје, впишете Skopje во даденото поле и сменете ја единицата во метричко прикажување.

7. Gmail Manager – Оваа екстензија ќе ви овозможи да управувате со повеќе Гмаил сметки и да примате е-мејл нотификации. Ги прикажува деталите на сметката, пораките, користен простор и снипетсите.

8. gTranslate ви овозможува да преведете селектиран текст преку менито на десен клик, користејќи го преведувачот на Google. Кога и да наидете на текст кој треба да се преведе, селектирајте го, кликнете на десното копче од маусот и изберете Translate. gTranslate автоматски се конектира со Google Translate и го прикажува текстот во менито, така да немора да ја напуштите веб страницата

9. Image Zoom ви дава комплетна контрола на големината од повеќето слики прикажани во Фајрфокс. Преку неа може да зумирате/одзумирате слики или пак комплетни страници.

10. Paste and Go ви овозможува да пастирате URL во адрес барот и да појдете на адресата без неопходното кликање Enter.

11. Reload Every дава можност да ја релоадирате страната која ја гледате секоја минута, односно секунда која ќе ја внесете како број.

12. ReminderFox е екстензија која ве потсетува на вашите обврски и календар. Одлично за сите оние што не можат да ги запамтат поважни датуми(родендени, годишнини итн.).

13. Sage е лесен читач на RSS и Atom канали за вести.

14. SearchPluginHacks се интегрира во горната десна листа на пребарувања и ви овозможува да одредите кои пребарувања ќе останат во листата, со едноставен десен клик за delete.

15. Stop-or-Reload Button прави копчињата Stop и Reload  да се однесуваат како едно единствено копче.

16. StumbleUpon овозможува да сурфате по интереси и категории и да откривате одлични веб страници. Со само еден клик може да најдете и споделите интересни страни на основа на вашите претходно внесени интереси.

17. Tab Mix Plus е можеби најпосакувана екстензија кај сурферите. Со неа комплетно може да го менувате однесувањето на табовите, како и да зачувате сесии на долготрајно сурфање кои би можеле да ги продолжите при наредното отворање на Фајрфокс. Тука е исто така и подршката при случајниот колапс на пребарувачот. Со Tab Mix Plus сите ваши прозорци се тука да останат!

18. Update Notifier e екстензија која автоматски ве известува штом новите апдејти за Фајрфокс и екстензиите станат достапни.

19. Viamatic foXpose е мала алатка која ви овозможува сите ваши табови да ги погледнете во еден единствен прозорец.
 

Најпопуларни екстензии

Најдобро оценети екстензии

Најнови екстензии 

 
*Ова е листа на популарни сервиси за пребарување кои може да ги додадете во лентата за пребарување во горниот десен ќош, но ако сакате да додадете повеќе, има стотици од кои можете да изберете овде.

 

- Реклама -