Фергусон: Чичарито не е на продажба

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон вели дека нема шанси Хавиер Ернандез летоска да замине од Олд Трафорд.

И покрај тоа што репрезентативецот на Мексико има 16 гола зад своето име оваа сезона, Чичарито не може да се избори за место во стартниот тим на ’Црвените Ѓаволи’.

Робин ван Перси и Вејн Руни се првиот избор за нападот на Сер Алекс Фергусон, пa се говори дека 24 годишниот напаѓач е фрустриран од ваквата ситуација и добро ќе размисли за заминување од Олд Трафорд доколку добие примамлива понуда.

Сепак, Сер Алекс Фергусон вели дека не помислува за продажба на Чичарито, и порача дека фудбалерот уште долги години ќе го носи дресот на Манчестер Јунајтед.

„Тој има долгогодишен договор” – рече Ферги. „Не планирам да ги охрабрувам другите клубови да пројават интерес”.

„Чичарито е многу важен фудбалер за нас”.

„Тој прави нешто различно од другите напаѓачи, и секогаш кога ќе влезе во игра го менува натпреварот”,

„Кога го бирам тимот, разговарам со сите фудбалери што нема да играат. Му кажав на Хавиер дека воопшто не ми е лесно да го оставам надвор бидејќи 16 погодоци е фантастичен скор со оглед на бројот на натпревари што ги одигра”.

„Но тешко е кога имате играчи во топ форма како Робин ван Перси. Исто така, тука се и Вејн Руни, Дени Велбек и Шинџи Кагава”.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал.

- Реклама -