Видео повици преку Skype и за iPhone

Видео повици преку Skype и за iPhoneSkype направи апдејт на апликацијата за iPhone, со која се овозможува воспоставување двонасочни видео повици преку овој сервис, што значи дека корисниците повеќе нема да зависат од WiFi интернетот за воспоставување видео повици.

Новата апликација од Skype, што веќе може да се купи во iTunes, ќе овозможува двонасочни видео повици, преку 3G и преку WiFi. До сега, корисниците на производите од Apple зависеа од местата со WiFi интернет при воспоставувањето на овие повици. Сега, сето тоа ќе се промени.

За оние кои што веќе ја имаат купено апликацијата, овој апдејт е бесплатен и може да се преземе веднаш. Со неа, услугата им станува достапна на сите што користат iPhone 4, iPhone 3GS, како и четвртата генерација iPod touch. Оние што имаат iPad и iPod touch од третата генерација, ќе можат да примаат повици, но нема да можат да испраќаат видео, бидејќи уредите немаат вградена камера.

Доколку сакате да ја симнете апликацијата, појдете на официјалната страница на iTunes.

- Реклама -