Претворете го Google Reader во социјална веб-страница со Feedly

feedlyКреирајте почетна страница која ќе биде поширока за прегледување на сајтовите од вашиот Google Reader и социјалните контакти, со помош на бесплатната екстензија за Firefox и Chrome – Feedly.

Креирајте почетна страница која ќе биде поширока за прегледување на сајтовите од вашиот Google Reader и социјалните контакти, со помош на бесплатната екстензија за Firefox и Chrome – Feedly.
feedly
Главната цел на овој додаток е да ги организира вестите од Google Reader во вид на онлајн списание, така што ќе прелистувате категории, фотографии и текст, а притоа сите вести ќе се синхронизираат со Google Reader.

Дополнително, може да ги читате оние што ги следите на Twitter во посебен таб. На броусерот ќе ви се појави копче кое треба да го кликнете секогаш кога сте расположени за читање (со број на непрочитани вести), или пак да го обележите како ваша почетна страница. [Feedly]

- Реклама -