Одмазда врз шефот (видео)

ВолвоРечиси секој работник во светот сонува за одмазда врз својот шеф. Ако одмаздата подразбира хумор, тогаш уште подобро. Питер Рошети, генералниот менаџер на забавниот парк Legoland California, во понеделникот, како и секој работен ден претходно, пристигнал на работа со своето Волво и го паркирал на вообичаеното место.

Кога неколку часа подоцна тој се упатил кон својот автомобил за да оди на ручек, автомобилот не бил таму. Во неговото паркинг место била поставена реплика во природна големина направена од LEGO. „Новиот“ автомобил бил составен од 201,760 коцки и тежел 1330,84 килограми.

{youtube}zNRBWOBTLCw{/youtube}

- Реклама -