Гугл против Бени

google_vs_beni_intro.jpg „Дневник“ неодамна го отвори овој проблем со случајот што светскиот
гигант „Гугл“ го поведе против скопјанецот Беџет Муслија-Бени, кој во
Македонија ја регистрирал интернет-страницата www.google.com.mk, а
потоа се обиде да ја продаде истата.


google_vs_beni.jpg„Дневник“ неодамна го отвори овој проблем со случајот што светскиот
гигант „Гугл“ го поведе против скопјанецот Беџет Муслија-Бени, кој во
Македонија ја регистрирал интернет-страницата www.google.com.mk, а
потоа се обиде да ја продаде истата.

Интернет-пребарувачот „Гугл“, преку својот адвокат Валентин
Пепељуговски, тврди дека во случајот има класична кражба на
интелектуална сопственост. Основниот суд 1 во Скопје донел правосилна
пресуда против Беџет Муслија со која тој е казнет со 1.000 евра поради
употреба на име на туѓа фирма.

Од друга страна, Бени вели дека
во 2004 година добил лиценца од Македонската академска истражувачка
мрежа („МАРНет“) да го регистрира доменот. Убеден дека правдата е на
негова страна, тој сега ги подготвува документите за да ја тужи
државата пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Овој случај
предизвика и големо внимание по интернет-форумите. Јавноста е поделена
и додека едни сметаат дека Бени го злоупотребил Гугл, други тврдат дека
домените се слободни и дека големите компании не се заштитени мечки. [Скапи измами со евтини интернет-адреси] [Скапи измами со евтини интернет-адреси]

Домејнот google.com.mk сега е во сопственост на Google INC
google.com.mk1.jpg
- Реклама -