Челзи ја помина Стеауа, Тотенхем се спасуваше во Милано

Челзи го продолжува патот во Лига Европа откако со 3-1 ја совлада Стеауа на Стемфорд Бриџ, Интер беше на прагот на Сензација само гол недостасуваше за Тотенхем да биде елиминиран.
Челзи со 3-1 ја победи Стеауа на Стемфорд Бриџ и со вкупни 4-2 обезбеди пласман во 1/4 финалето од Лига Европа.

Сините поведоа со погодок на Мата во 34. минута, по додавање од Рамирез, Шпанецот одлично се снајде во шеснаесетникот на Стеауа и успеа да ја протне топката во мрежата на гостите.

Пред самиот крај на првото полувреме, Стеауа со гол на Кирикес го изедначи резултатот на 1-1.

Во 58. минута Џон Тери со глава погоди за ново водство на Челзи, а Фернандо Торес во 71. реализираше за конечни 3-1.

Нандо имаше убава шанса како ретко кога во дресот на Челзи со два погодоци да заврши натпревар, но не успеа да реализира удар од белата точка.

Интересно беше на Џузепе Меаца каде што Тотенхем отпатува со предност од 3-0 но лесно можеше да биде елиминиран.

Интер поведе во 20. минута кога по асистенција од Паласио, Касано постигна гол со глава за предност од 1-0.

Паласио имаше убава шанса да го зголеми водството, со лоб удар ја погоди пречката од голот на Фридел.

Но по седум минути игра Паласио се запиша во листата на стрелците, зголемувајќи на 2-0.

На 15 минути до крајот на натпреварот Вилијам Галас си постигна автогол, Интер поведе со 3-0 и го израмни конечниот резултат, натпреварот замина во продолженија.

Во 96. минута Адебајор начека една одбиена топка од Хандановиќ и ја смести во мрежата на Интер, го намали резултатот на 3-1, на Нероазурите сега им беа потребни два гола.

Но успеаа да постигнат само еден, Рики Алварез во 110. минута со глава ги постави конечните 4-1.

Њукасл со погодок на Демба Сисе во 93. минута го победи Анжи со 1-0 и се пласираше во 1/4 финалето од Лига Европа.

Лацио уште еднаш го победи Штутгарт, овој пат со 3-1, нова победа славеше и Бенфика, Португалците го совладаа Бордо на негов терен со 3-2.

Рубин Казан во продолженијата постигна два гола и со 2-0 го победи Леванте, Зенит не успеа да ја анулира негативата од Базел, победи со 1-0 и со вкупни 1-2 доживеа елиминација, Фенербахче и Плзен одиграа 1-1, Турците одат понатаму поради победата во гости.

Лига Европа 1/8 финале:

Рубин Казан – Леванте 2:0
Зенит – Базел 1:0
Интер – Тотенхем 4:1
Бордо – Бенфика 2:3
Челзи – Стеауа 3:1
Фенербахче – Викторија Плзен 1:1
Лацио – Штутгарт 3:1
Њукасл – Анжи 1:0

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал.

- Реклама -