Следењето сега стана полесно со Google Latitude

Повеќе... Google додаде нова опција на сервисот Google Maps преку која може да се пронајде локацијата на некого врз основа на сигналот од неговиот мобилен телефон или лаптоп.


Google додаде нова опција на сервисот Google Maps преку која може да се
пронајде локацијата на некого врз основа на сигналот од неговиот
мобилен телефон или лаптоп.

Профилот на личноста за која сте заинтересирани отскокнува на мапата покажувајќи ја неговата локација заедно со деталите за контакт.  За повеќе информации погледнете го видеото.

{youtube}Q-Oq-9enE-k&eurl{/youtube}

Очигледно е дека приватноста е загозена со ваквиот начин на следење на локацијата на некого, но преземени се мерки за доколку некој не сака да биде пронајден на овој начин тоа да се оневозможи. Најпрво, доколку сакате некој да  знае каде се наоѓате, вие ги одредувате параметрите за колку точно да биде прикажана локацијата и за тоа кој може да ги види тие податоци. Ризикот сепак го преземаат корисниците. Овој нов сервис наречен Google Latitude во моментов е достапен за 27 земји (во кои не е вклучена Македонија). Погледнете како изгледа на официјалната страна на Google Latitude.

- Реклама -