Време е да нурнеме во Гугл океанот?

Повеќе... Откако веќе го освои копното и небото, Гугл се спрема истото да го направи и со светските океани. Се очекува Google Earth да се надополни со подводните мапи на океаните.


prinz_eugen.jpgОткако веќе го освои копното и небото, Гугл се спрема истото да го
направи и со светските океани. Се очекува Google Earth да се надополни
со подводните мапи на океаните.

Ова надополнување се очекува да обезбеди подводна топографија, со слој кој ќе ја покажува длабочината на морското дно. Исто така ќе им овозможи на корисниците да истражуваат одделни делови кои им се од интерес, како што се скелетите од познатите потонати бродови.

Google Ocean се очекува да содржи и подводни фотографии, иако екпертите изјавуваат дека ќе биде потребно стотици години поморско време за да се фотографира целото океанско дно во висока резолуција. Како ќе изгледа сето тоа останува да видиме. Промоцијата на Google Ocean се очекува следната недела на Калифорниската научна академија.

- Реклама -