6 супернегативци кои се ОК луѓе (видео)

Бизаро Супернегативците во приказните секогаш ги земаме здраво за готово. Стојат на спротивната страна од суперхеројот и затоа навиваме против нив. Но не е сè така црно-бело како што изгледа. Постојат негативци кои покрај бруталниот екстериер, во суштина се добри личности…

Супернегативците во приказните секогаш ги земаме здраво за готово.
Стојат на спротивната страна од суперхеројот и затоа навиваме против
нив. Но не е сè така црно-бело како што изгледа. Постојат негативци кои
покрај бруталниот екстериер, во суштина се добри личности…

6. Доктор Октопус

Потекло и стил: Ото Октавиус употребува четири механички раце кои случајно биле сврзани на неговото тело во експеримент кој не успеал; за да прави криминални дела и главно да му го отежнува животот на Спајдермен. Исто така, за малку ќе се оженеше со тетката на Спајдермен, Меј. Чудно!

Доктор Октопус


Зошто не е лош колку што изгледа: Три збора – оштетување на мозокот. Ото бил обично мизантропско синче на мама кое не сакало да повреди никого пред несреќата. Но, како што знаат сите фанови на стрипови, радијацијата има тенденција да ги разлутува луѓето, па така тој се престори во супернегативец, му ја симна маската на Спајдермен и поради некоја причина започна да влегува во разни банки и да ги ограбува. Според тоа, да го обвините него за неговите злодела е исто како да обвините слепо дете зашто стапнало во вирче со вода. Во филмот, Ото и не проблемот. Проблемот се неговите 4 механички раце кои го влечкаат наоколу, убиваат доктори на кои ќе налетаат и заземаат напуштени саат-кули (веројатно од љубомора за големината на стрелките на часовникот).

Но, сепак: Ниедна ментална болест предизвикана од радијација не може да ги објасни очилата, ниту пак фризурата.

5. Мистер Фриз

Потекло и стил: Виктор Фрис бил научник кој работел на криогеничко истражување кога неговата жена, Нора, се разболела. Успеал да најде начин како да го зачува нејзиното тело, но шефот не се согласил со користењето ресурси од компанијата за лични потреби, па се обидел да стави крај на целата работа. Кога Фрис се обидел да го спречи, овој го турнал во базен со хемикалии кои страшно ја спуштиле неговата телесна температура. И наместо да се истушира со жешка вода и да го тужи шефот, Фрис решава да го помине животот во костим-ладилник, смрзнувајќи сè што ќе му застане на патот. 

Мистер Фриз

Зошто не е лош колку што изгледа: Затоа што неговиот мотив е љубовта. Сè што Мистер Фриз прави, го прави за Нора. А Брајан Адамс го кажа тоа најдобро – ОК е да се бори, да се лаже, да се умре или да се оди по жица, сè додека тоа е за љубов.

Но, сепак:

 

{youtube}VNaDZIrxh-0{/youtube}

4.Магнето

Потекло и стил: Семејството на Ерик Леншер е убиено од Нацистите и закопано во масовна гробница пред тој да биде однесен во концентрационен логор (кој вели дека стриповите не се за деца?). По бегството, тој забележува дека има моќ да ги контролира сите нешта направени од метал, додека се обидува и не успева да ја спаси ќерка си од пожар. Потоа решава да ги користи тие моќи за да докаже дека мутантите се супериорни во однос на обичните луѓе, од секој аспект освен од аспектот на модата. 

Mагнето

 

Зошто не е лош колку што изгледа: Многу нешта можат да се оправдаат со реченицата – родителите ми беа убиени од Нацисти и јас бев во концентрационен логор. Но, дури и доколку го превидите сето тоа, Магнето е убеден дека ја прави правилната работа промовирајќи ја мутантската кауза. Најчесто го споредуваат со Малком Икс, во однос на Чарлс Егзавиер кој би бил Мартин Лутер Кинг Џуниор. А, да го наречете Малком Икс злобен, би било премногу, дури и од неговите најголеми критичари.

Но, сепак: Малком Икс никогаш не ги искористил своите моќи на магнетизам (никаде не постои извор кој докажува дека не поседувал такви моќи) за да го извади сето железо од нечија крв или за да го сврти Голден Гејт мостот кон Алкатраз. Исто така, никогаш не ја нарекол својата група соборци „Братството на зли мутанти“. Затоа, ова не е совршена споредба.

3. Сендмен

Потекло и стил: Бегајќи од затвор, Флинт Марко заминува на, веројатно најлошото можно место каде што некој би можел да избега – нуклеарен тест сајт во Џорџија. Додека се врткал таму, налетал на озрачен песок… и тоа го претворило и него во песок. Не знаеме како, но, да речеме дека е така. Во секој случај, тој ги користи своите песочни моќи за да се бори против Спајдермен и да му пика песок во косата. Нека се обиде да го извади, ако може! 

Сендмен

Зошто не е толку лош колку што изгледа: Си го променли името од Вилијам Бејкер во Флинт Марко, зашто не сакал мајка му да дознае дека е крадец. Никој кој е вистински злобен не би бил загрижен за тоа што мисли мајка му. А, според Спајдермен 3, Флинт крадел само нешта кои му требале за да ѝ помогне на својата неизлечиво болна ќерка. И доколку зад ова не се криел некој креативен план за подоцнежно убивање на девојчето, овие постапки се херојски.

Но, сепак: Песок во коса е сериозен проблем!

2. Бизаро Супермен

Потекло и стил: Постојат десетина различни приказни за потеклото на Бизаро (веројатно зашто постојат десетина различни Бизаро), но сè што ви треба да знаете е дека тој е зезнат, со албино изглед, клон е на Супермен и секогаш зборува спротивно. Создаден е од еден од непријателите на Супермен (да речеме Лекс Лутор) за да го среди синиот летач, еднаш и засекогаш. 

Бизаро


Зошто не е толку лош колку што изгледа: Иако создаден од супернегативец, Бизаро е едноставен човек. Зборува смешно, несмасен е и носи екстремно неприкладен знак околу вратот на кој пишува дека тој е број 1. Плус, Бизаро во суштина само сака да биде како Супермен. Наликува на кученце кое го следи својот сопственик секаде каде што оди, само што е поглупав од куче и понекогаш се решава да убие некого.

Но, сепак: Бизаро и жителите на планетата Бизаро (која постои заради некоја необјаснета причина) знаат да бидат вистински идиоти. Или пак не? Со оглед на тоа што зборуваат во спротивности, малку е тешко да се оддели сарказмот.

1. Галактикус

Потекло и стил: Тој е голем, бесмртен, вселенски човек кој јаде планети. Еднаш за малку ќе ја изедеше и Земјата, но Фантастичните 4 вперија пиштол во него, па тој си замина. 

Галактикус

 

Зошто не е толку лош колку што изгледа: Затоа што тој е само гладен. Не го води злоба, алчност за моќ или сексуална психопатска желба за повредување недолжни луѓе. Тој само сака да јаде. Сосема случајно се погоди да сака да јаде планети. Ако вие дознаевте дека сендвичите кои ги јадете содржат цели цивилизации, дали ќе се чувствувавте злобно? Дали ќе престаневте да јадете сендвичи?

Но, сепак: Тој се појави во филмот „Фантастичните 4, 2“, а сè поврзано со тој филм е злобно.

[6 Supervillains Who Were Actually Ok Guys]
 

- Реклама -