Се вели дека оние кои не ја познаваат историјата се осудени да ги повторат нејзините грешки, а еден голем дел од историјата е нешто што не би сакале да го повторите. Од друга страна пак, многу од познатите историски факти се митови, многу поразлични верзии од она што навистина се случило. Еве 6 такви најпознати историски факти кои се пренесувале со генерации и генерации сè до денес како погрешна претстава за настаните и ликовите од историјата.
Се вели дека оние кои не ја познаваат историјата се осудени да ги повторат нејзините грешки, а еден голем дел од историјата е нешто што не би сакале да го повторите. Од друга страна пак, многу од познатите историски факти се митови, многу поразлични верзии од она што навистина се случило. Еве 6 такви најпознати историски факти кои се пренесувале со генерации и генерации сè до денес како погрешна претстава за настаните и ликовите од историјата.
1. Ева го гризна јаболкото
Иако на сите ни е познато дека јаболкото е добро за нашето здравје, тоа сè уште има лоша репутација како „забрането овошје“ кое Ева го проба во Рајската градина со сите лоши последици кои произлегоа од тоа за човечкиот род. Сепак, никаде во библиската приказна за Адам и Ева јаболкото не е спомнато. Во неа е опишана единствено овошката на дрвото во средината на градината, а тоа би можело да биде јаболко исто колку и кајсија, манго или кое било друго овошје.
2. Јаболко паднало врз главата на Њутн
Јаболкото повторно е главниот лик и во една друга позната приказна: онаа која раскажува дека научникот Сер Исак Њутн бил под дрвото гледајќи си ја својата работа кога одеднаш јаболко паднало врз неговата глава. Се вели дека јаболкото му ја дало инспирацијата за законите на гравитацијата, но иако ова е добра приказна многу веројатно е дека таа никогаш не се случила. Приказната најпрво била објавена во еден есеј напишан од Волтер, долго после смртта на Њутн. Пред тоа, внуката на Њутн, Катерин Кондуит, била единствената личност која ја раскажала приказната. Повеќе од сигурно е дека таа е измислица.
3. Волт Дизни го нацртал Мики Маус
Еден од најпознатите фиктивни ликови, Мики Маус, му се препишува на Волт Дизни. Меѓутоа, Мики бил нацртан од друг човек – дизниевиот аниматор Аб Ајверкс. Дизни, кој никогаш не бил голем уметник, секогаш имал потешкотии да го нацрта ликот кој го направи славен. За негова среќа, Ајверкс бил познат како најбрзиот аниматор во тоа време. Првиот анимиран филм со Мики Маус, Plane Crazy (1928), го направил потполно самиот во рок од само две недели. (Тоа се 700 цртежи на ден!). Но да му дадеме некаква заслуга и на Дизни – кога звучните филмови се појавиле следната година, тој го позајмил гласот на Мики Маус.
4. Марија Антоанета и нејзината славна реченица „Дајте им да јадат колачи.“
Во 1766, Жан Жак Русо пишувал за инцидентот кој се случил 25 години порано во кој „една славна принцеза“ на која и кажале дека луѓето од нејзината земја немаат што да јадат одговорила на тоа „Дајте им да јадат колачи.“ Кога Русо пишувал за ова, Марија Антоанета била 11-годишно дете во Австрија. Француската револуција започнала 25 години подоцна. Митот дека таа ја кажала оваа позната реченица веројатно бил раширен од револуционерите пропагандисти, за да ја илустрираат нејзината ладна индиферентност кон сиромаштијата на францускиот народ.
5. Ван Гог си го отсекол увото
Ван Гог секогаш се поврзува со сликата на уметник во гладување кој продал само една слика за време на својот живот, имал расправија со Гоген и го пресекол своето уво кратко пред да се самоубие. Иако несомнено се соочил со трагичен крај, а неговите слики слабо се продавале, вреди да се спомене дека поголемиот дел од својот живот тој го поминал давајќи часови и продавајќи уметнички дела. Ван Гог само осум години од својот живот го посветил на сликањето, што е едно од можните објаснувања зошто не умрел од глад. Исто така, тој не си го пресекол целото уво, само дел од ушната ресичка. Навистина болно, но ни одалеку толку страшно колку што досега сте мислеле.
6. Наполеон бил низок
Некои луѓе веруваат дека големите амбициите за доминација на Наполеон биле начин тој да компензира за тоа што физички бил мал. Навистина, тој бил нарекуван „Le Petit Corporal“ (Малиот каплар), но тој бил висок 1.70 метри, повисок отколку што биле просечните французи од 18 век. Па, од каде тој прекар? Порано во неговата кариера, војниците имале обичај да се потсмеваат на неговиот релативно низок ранг. Прекарот останал, дури и кога тој станал владател на Франција.