Светот е полн со добри мажи. Многу од нив се прекрасни личности кои со вас се однесуваат добро, но добар дел од нив се чиста несреќа. Еве неколку знаци кои не смеете да ги игнорирате доколку не сакате да завршите со скршено срце.
Не го слави вашиот роденден со вас
Независно дали сте организирале мала забава за пријателите во кафуле, или сте одлучиле роденденот да го поминете дома гледајќи филмови од осумдесетите години, мажот со кој сте во врска мора да биде со вас. Освен ако живее многу далеку, или ако е спречен од работни обврски, постои мало оправдување. Кога славите роденден или годишница тој би требало да сака да е покрај вас.
Вели дека не може да бидете заедно
Сите поминале низ тоа, веројатно и вашите мајки и баби. Сте запознале неверојатен маж и не можете да верувате колку заеднички интереси делите. Воодушевени сте од тоа колку пријатно и природно се чувствувате додека сте покрај него. Никогаш нема кавги, но по некое време, баш кога сте заклучиле дека е оној вистинскиот, идилата ја уништува ладниот и немилосрден изговор како веќе не можете да бидете заедно. Можеби ќе рече дека му се јавила бившата, па мора да расчисти некои работи сам со себе, можеби ќе рече дека мора да се фокусира на кариерата и од вас бара само да бидете трпеливи. Ќе поминат неколку месеци, а вие и понатаму ќе бидете во исчекување. Можеби ќе ви се јави во сред ноќ и ќе имате сензационален секс. Тогаш ќе сфатите дека било нормално тоа што никогаш не сте имале недоумици, бидејќи тој пред вас никогаш не се отворил и вие, всушност не сте го познавале. Секој ќе си тргне по свој пат, но следниот месец тој повторно ќе ве побара и циклусот почнува од почеток. Веднаш расчистете со него!
Болно љубоморен
Сценарио: сте купиле нов фустан и излегувате со пријателките. Фустанот има малку подлабоко деколте. Ако првата реакција на вашиот сакан е да ве замоли да не го носите тој фустан, или да ви предложи да додадете марама, тоа е делумно прифатливо. Но, доколку реагира поекстремно и прави да се чувствувате лошо, проблемот е многу поголем. Особено ако ви се обраќа со погрдни имиња или ве обвинува за неверство. Важно е да ги разликувате овие две ситуации. Ако вашето момче се чувствува непријатно поради облеката која ја носите, можеби би требало барем да ги слушнете неговите аргументи. Но, ако со неговите коментари ве плаши, време е да се тргнете што подалеку.
Не ве кани да излезете
Не се работи за пари, би биле среќни и со обична прошетка. Тоа е оној маж кој вас ве кани само во неговиот стан или на некое слично тајно место. Тоа е оној кој никогаш не доаѓа по вас и оној кој никогаш не ве носи во кино. Времето го поминувате исклучително во неговиот стан. Неговите СМС-пораки ги архивирате за на вашите пријателки да им докажете дека тој навистина постои. Знаете и сами дека можете подобро.
Значително постар
Тој е мошне постар од вас и одбива да поминува време со вашите пријатели или со вашето семејство, но имате ист вкус за музика. Или оној кој би бил навистина супер момче само кога би престанал да пие, би завршил факултет и би отишол на разговорот за работа што пред пет месеци му го договори неговиот чичко. Па, тоа навистина не е маж за вас, тој е лузер.
Непријатен кон сите останати
Тој е момче со кое тукушто почнавте да се забавувате и за кое сите ви зборуваат дека е ужасно. Нема блиски пријатели, но има безброј бивши девојки кои постојано ги напушта. Освен вас. Вие уживате во чувството дека сте посебни, но баш тој ќе ве остави порано или подоцна, кога ќе пронајде нов плен. Вие ќе им се придружите на оние кои ќе зборуваат дека е кретен.