6-годишното дете што стана пилот на Airbus A380

Пред некоја недела, на Фејсбук беше објавено видео од 6-годишно момче по име Адам, кое имаше привилегија да ја посети пилотската кабина при еден од летовите на Etihad Airways. Уствари знаете што, лажеме. Пилотите беа тие што имаа привилегија малиов да ги посети во кабината. Зошто? Затоа што е генијалец, и затоа што знае неверојатно многу за авионите. Дури и капетанот на авионот реагираше со „Oh, wow!“. Врвот е кога го прашува „што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?“, а Адам му одговара не со „пилот“, туку со „КАПЕТАН“.

https://youtu.be/NBjt1CKKePA

Е па, истово ова видео на Фејсбук собра над 30 и кусур милиони прегледи. Очекувано, Адам набрзо доби покана од Etihad Airways. Му облекоа униформа, му дадоа голема играчка авион, и го седнаа во Airbus A380 да го лета. На капетанското место. Се разбира, зборуваме за симулатор, ама колку од нас можат да се пофалат со тоа, а?

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел

- Реклама -