6 децении симбол на Југословените

Легендарното „Фичо“ направено е кон средината на педесетите години од минатиот век. Воедно е и првиот автомобил кој станува симбол на овие простори. Моделот 600 фураше 96 км на час, додека моделот 700 до креваше и 100-ка за 54 секунди.

bg-sest-decenija-(2)_620x0
Процесот на моторизацијата на ова возило започнува пред Втората светска војна, а продолжен е по нејзиното завршување. До крајот на педесетите години, ретко кој
не можеше да допре до ова современо превозно средство.

Далечниот 10ти Септември 1956 година крагуевската „Црвена застава“, од „Фиат“ добива лиценца за производство на овој модел. Првиот модел носи ознака 600.

Вкупната должина на автомобилот изнесува 3.2 метри, мотор вграден на задниот дел од колата и погон на задните две тркала. Ова „Фичо“ почнува да гази во
домашната индустрија, кога никој нема ни претстава колкава популарност допрва ќе стекне.

bg-sest-decenija-(1)
Првиот модел на „Застава 600“ имал мотор од 633 кубика, 19 коњски сили и максимална брзина од 96 км на час. Трошело бензин од 86 октани, кој одамна не е во употреба. Првите испорачки на ова возило на слободниот пазар се движеле помеѓу 795 000 тогашни динари за физичко, односно 960 000 динари за правни лица. Продажбата започнува во 1957та година, кога на готовс чекаат спремни 1 619 комада.

bg-sest-decenija-(3)

По „Фичо 700“, последното зајакнување на овој модел се случува во 1980 година, вградувајќи мотор од 843 кубици, па Фичото рокаше и до 125 км на час,
под ознака „Фичо 850“.

Сериското производсво на овој автомобил е стопирано во 1985 година, а во 11 основни верзии направени се 923 487 примероци. Да беа малку поупорни ќе стасаа и до милион. Од овие, дури 36 500 возила се извезени во 15 светски држави.

bg-sest-decenija-(5) bg-sest-decenija-(8)

bg-sest-decenija-(7)

- Реклама -