Современиот хотел ME London

Во самиот центар на главниот град на Велика Британија е лоциран еден од најсовремените хотели на денешнината – ME London. Изграден според архитектската студија Foster + Partners, хотелот располага со 157 соби и 16 луксузни апартмани.

ME London се наоѓа на крајбрежјето на реката Темза во непосредна близина на Трафалгар Сквер, а последен пат бил реконструиран пред минатогодишните Олимписки игри.

Собите со прозорци од подот до таванот се реконструирани во современ стил со акцент на класичната традиција. Монохроматскиот изглед е дополнет со богати текстури и раскошни природни материјали.

Погледнете го амбиентот кој го нуди овој хотел!

0 2 3 4 5 6 7 8 9 11 22 33 44

- Реклама -