Ема Вотсон во трилерот „The Bling Ring“

Ема Вотсон која ја запознавме во улогата на Хермиона во Хари Потер наскоро ќе се појави со сосема поинаква улога во трилерот на режисерката Софиа Копола „The Bling Ring“.

Од тивката и мудра Хермиона, Ема во најновиот филм еволуира во рoмантично – криминална, млада и темпераментна девојка.

aa

Филмот е режиран според реалната историја за познатата петорка крадци кои во 2008 и 2009 година извршија грабежи врз Линдзи Лохан, Орландо Блум, Париз Хилтон и многу други холивудски ѕвезди. Вкупната украдена сума изнесувала неверојатни три милиони долари.

kinopoisk.ru

Премиерата на трилерот со младите престапници и ѕвездите – жртви е закажана за јуни.

[youtube]http://youtu.be/BST3CCnP6uE[/youtube]

- Реклама -