Освежување и за HYUNDAI IX35

Во предвечерјето на отворањето на салонот во Женева, Hyundai ја објави првата фотографија на обновената верзија на својот компактен кросовер ix35.

Освежената изведба ќе биде претставена за прв пат во светот за време на салонот во Женева, а главните промени во возилото се поврзани со подобрувањето и проширувањето на техничката база на моделот и стилски промени во дизајнот. Обновениот Hyundai iХ 35 ќе се нуди и со нов 2,0 литарски GDI бензински мотор, како и сосистем FLEX STEER со три режими на управувањето: Normal, Comfort и Sport.

Моделот iХ 35, кој беше првиот автомобил на Hyundai од новиот дизајн линија “fluidic sculpture”, претставува еден од адутите на брендот во Европа, а минатата година биле реализирани над 87.000 негови единици.

 

Текстот е објавен во соработка со Авто Плус.

 

- Реклама -