Полицијата ќе го приведе Марадона штом слета во Рим?

Диего Марадона денеска треба да пристигне во Италија, поточно во Рим. Веднаш по пристигнувањето би можел да заврши во затвор, доколку им биде на дофат на италијанските даночници.

Не е тајна дека Марадона го гонат за неплатен долг во висина од 40 милиони евра од периодот додека ги бранеше боите на клубот на Неапол меѓу 1984 и 1991 година.

Така при секоја посета на Апенинскиот полуостров му одземаат скапоцени предмети како часовници и обетки, а слична ситуација би му се случила и денеска, ако не и полоша, пишуваат италијанските медиуми.

„Марадона е слободен човек и неговиот статус на бегалец е медиумска измислица“, рекол адвокатот на Марадона, Анџело Писани за француската агенција „Франс прес“.

Според пипшувањата во италијанските медиуми, Марадона во вторник во својот сакан Неапол би требало да одржи конференција за медиуми, но прашањето е дали тоа ќе се оствари со оглед на тоа што властите во Италија ја негираат изјавата на Писани дека целиот случај околу данокот е решена работа.

„Се надевам дека ќе се вратам во Неапол што е можно побрзо, можеби за натпреварот против Јувентус (1 март) така што ќе можам да го видам омилениот клуб и навивачите кои никогаш нема да ги заборавам“, напишал пред неколку дена Марадона во отворено писмо до навивачите на клубот.

- Реклама -