Протест на фудбалери од Шпанија (видео)

протестКако и многу други организации, и шпанскиот третолигаш Понтеведра се соочува со финансиски потешкотии. Како резултат на тоа, играчите немаат добиено плата веќе 5 месеци. Единаесетте играчи кои изглегоа на теренот на натпреварот против Луго решија да го покажат своето незадоволство на мирен начин.

Во првата минута од натпреварот сите играчи на Понтеведра клекнаа на теренот и одбија да играат. На овој начин тие ги избегнаа казните кои би ги добиле ако одбијат да се појават на натпреварот, и истовремено привлекоа внимание на нивната ситуација. Играчите на Луго, кои или решија да покажат солидарност или едноставно беа збунети, ја поминаа првата минута од натпреварот во сопствената половина. Натпреварот заврши со победа на Луго од 3:2.

{youtube}Ce0FPLe8x9Y{/youtube}

- Реклама -